Исчезна познатата актерка: Сопругот не соработува со полицијата, а нејзиното семејство не може да пронајде две нешта

Точка

13/11/2024

13:39

8.337

Големина на фонт

а а а

Актерката Шанел Маја Бенкс, ѕвездата на „Gossip Girl“ мистериозно исчезна во Лос Анџелес, а нејзиното семејство тврди дека нејзиниот сопруг не сака да соработува со полицијата.

Семејството на актерката Бенкс, со сите сили се обидува да ја лоцира ѕвездата на „Gossip Girl“ која не е видена веќе две недели, пренесува „Mirror“.


Мајката на Бенкс, Џуди Синг и нејзината роднина Даниел Тори Синг, допатуваа во Лос Анџелес за да помогнат во потрагата, а според американските медиуми саканите на актерката биле загрижени за нејзиното здравје откако таа престанала да ги контактира пред неколку дена.


Роднината на Бенкс, Даниел за „ABC7 News“ изјави: „Пет дена поминаа откако некој се има слушнато со неа. Нѝ се вклучија црвените ламби и аларми бидејќи таа никогаш не исчезнувала повеќе од 48 часа, без да ја побара мајка ѝ или мене. Таа жена ми е како постара сестра“.


Актерката живееше со нејзиниот сопруг пред да исчезне, а семејството ги пронајде нејзините лични работи, вклучувајќи го нејзиниот автомобил и кучето, кои се сè уште во домот.


Меѓутоа не можеле да го пронајдат нејзиниот лаптоп и мобилен телефон.



Инаку, Шанел Маја Бенкс (36) се појави во третата сезона на „Gossip Girl“ и ја толкуваше улогата на Соер Бенет.