[ФОТО] Берлинскиот ѕид падна, но еден друг ѕид не: Последната европска плажа која е поделена на машки и женски дел

Точка

30/09/2024

16:46

16.206

Големина на фонт

а а а

Плажата „El Pedocin“, сместена во срцето на Трст, претставува една од најинтересните и најконтроверзни плажи во Европа. Имено, оваа плажа е специфична по својата поделба на машки и женски дел, со што беше создадена единствена динамика којашто ги привлекува локалните посетители и туристите.

Покрај својата физичка поделба, „El Pedocin“ е познат и по бројните контроверзии коишто ја следат нејзината работа и регулативите.


Традиција којашто датира од 1860 година

Плажата „El Pedocin“ беше отворена во 1860 година и оттогаш стана омилено место за жителите на Трст, додека самото капалиште ја има преживеано и австроунгарската и фашистичката власт. Плажата е особено интересна поради својата физичка поделба: делот наменет за жени им обезбедува приватност у удобност, додека машкиот дел од плажата се карактеризира со поопуштена атмосфера. „El Pedocin“ исто така се гордее и со чистата вода и одржувањето коешто е познато како едно од најдобрите во регионот.

Во 1908 година, приватниот клуб на плажата е заменет со јавни содржини, а името било сменето во „Bagno alla Laterna“. Но клучно е тоа што половите и понатаму биле разделени со ограда, со цел да се спречат „несоодветни активности“. На крајот во 1959 година, беше поставена и бетонска преграда, за да им се понуди повеќе простор на жените, коишто биле побројни од мажите.


Властите повеќе пати се обидувале да го отстранат бетонскиот ѕид, за ова прашање се одлучувало и на референдумот одржан во 1943 година, меѓутоа локалните жители сепак одлучиле да остане ѕидот долг 74 метри.

Отсуството на закупци, односно лежалки и барови на плажата, коишто ги мачат останатите италијански плажи, тука не се проблем. Капачите си носат сопствени лежалки и чадори за сонце, меѓутоа во рамките на женското капалиште постои и бар, а за мажите е предвиден друг којшто се наоѓа покрај влезот на плажата.


Покрај тоа многу локални жители се шегуваат велејќи дека во случај на рушење на ѕидот, ќе „избие Трета светска војна“, додека жените велат дека ѕидот им помага да бидат поопуштени и да доаѓаат на плажа дури и кога не се издепилирани или кога немаат направено маникир.

Родовата поделба предизвикува контроверзи

Меѓутоа една од главните контроверзии коишто ја карактеризираат плажата „El Pedocin“ е родовата поделба.

Додека многумина сметаат дека плажата на жените – посетители им обезбедува да се чувствуваат безбедно и удобно, некои ја критикуваат како дискриминациска. Многумина политичари сметаат дека ваквата поделба не е одраз на современите права на поединците, што може да создаде тензии помеѓу посетителите.


Контроверзите ги зголемува и прашањето за прифатливоста на ЛГБТ+ заедницата на плажата. Иако постојат многу инклузивни плажи ширум Италија, некои членови на ЛГБТ+ заедницата чувствуваат дека плажата „El Pedocin“ не е пријателски настроена дестинација за нив, поради нејзиниот традиционален пристап кон поделбата на родовите.

Од една страна, локалната традиција на заштита на женскиот простор ужива поддршка, додека од друга страна критичарите укажуваат на потребата од модернизација на пристапот.

Плажата останува симбол на градот

Плажата е отворена во текот на целата година, но во текот на летото е најмногу посетена. Секоја недела од 7:30 до 20 часот, од јуни до септември, плажата ја посетуваат околу две илјади луѓе дневно, коишто тука доаѓаат да се капат и сончаат. Плажата ја посетуваат и сопружници коишто можат да се сретнат во морето кај точката којашто го раздвојува и морското подрачје на машко и женско, каде што можат да поразговараат и да продолжат со самостојно уживање во својот дел од плажата.


Така што „El Pedocin“ не е само плажа, туку симбол на културата и традицијата на Трст. И покрај тоа што е преполна со контроверзии, таа претставува важен дел од локалната историја и идентитет.

Плажата ги привлекува туристите и локалното население, и таа е витална за економијата на регионот, и покрај тоа што локалните власти се соочуваат со предизвици во поглед на управувањето со ова место, бидејќи балансирањето помеѓу традицијата и современата инклузивност станува сè поважно.

Но, како и да е за „El Pedocin“ дури биле напишани и книги, а беше снимен и документарец кој беше претставен на фестивалот во Кан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг