Цените во Грција изненадуваат: Што ве чека на едни од омилените туристички дестинации?

Точка

08/05/2025

15:00

1.311

Големина на фонт

а а а

Доколку летово планирате да одите на одмор во Грција, корисно е однапред да ги знаете цените, поточно колку ќе ве чини еден ден од одморот – од оброк до купување на локалниот пазар.

Иако гирото и натаму може да се најде за 3 до 4,5 евра, одредени намирници се значително поскапи и над просекот на Балканот.

На пазар во грчкото летувалиште Nea Moudania, цените на храната делуваат шаренолико, нешто е поволно, но одредени производи се прилично скапи.


Јајцата се продаваат за околу 0,35 евра по парче, зелена салата е околу 0,50 евра, додека пак младиот кромид може да се купи за 0,70 евра. Еден килограм домати е 1,25 евра, тиквичките 0,50 евра, а грашокот е околу 3 евра.

Овошјето и мешунките чинат значително повеќе. Јагодите чинат 2,5 евра килограм, крушките 1,50, црвен грав 3,30 евра, додека пак белиот 7,50 евра килограм.

Особено се издвојува цената за една риба (без обработка и подготовка која чини 10 евра.

Слични цени важат и за другите популарни места на Халкидики и во северна Грција. Во Полихроно и Пефкохори цените се речиси идентични, додека пак во местата како што се Паралиа и Лептокарија цените се пониски, особено надвор од сезоната.

Во јужните дестинации како Крит и Миконос, цените се значително повисоки, особено во маркетите и рестораните.

Сепак, најпознатиот „оброк на улица“ во Грција – гирото, чини од 3 до 4,5 евра, во зависност од местото и дали станува збор за популарна локација или некое помало туристичко место.


Во Nea Moudania гирото може да го купите и за 3,2 евра. Порција гиро во ресторан може да најдете и за 9-10 евра, додека пак пијалаците се движат по цена околу 12 евра, а кафето во просек од 2 до 3 евра.

Што се однесува до сместувањето, цените се зголемуваат како што сезоната се наближува.

Еден апартман во Nea Moudania на почеток на јуни може да се изнајми од 30 до 40 евра од ноќ, додека пак во јули и август истиот апартман ќе го платите од 80-100 евра.

Во полуксузните места и вили со поглед на море цените лесно надминуваат 250-300 евра од вечер, особено доколку местото има базен, приватна плажа или дополнителни содржини за користење.


За оние кои планираат семејно патување, совет е однапред да си резервираат и детално да ги испланираат трошоците затоа што иако Грција и натаму може да биде пристапна, купувањето во маркетите или непланиран оброк во ресторан може да ве изненади.

Летувањето во Грција денес повеќе не е евтино како некогаш, но со добра организација и натаму може да биде исплатливо и незаборавно искуство.