На престижната манифестација Мис на светот која годинава ќе се случува од 7 до 31 мај во Телангана во Индија, по повеќегодишна пауза, Македонија повторно ќе има своја претставничка.
Годинава, честа и задоволството да ја претставува Македонија, ѝ припадна на 20-годишната Чарна Невзати.
Оваа девојка со прекрасна убавина е студентка на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во декември 2023 година, Навзати била победник на ораторската вечер „Иво Пухан“ организирана на Правниот факултет, а темата била „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.
Младата Чарна, не ја криела својата возбуда за можноста која ѝ ја дала организацијата Мис Македонија, да ја претставува нашата земја на Мис на светот, па на социјалната мрежа Инстаграм сподели:
„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Северна Македонија да ја претставам прекрасната култура и наследство на Северна Македонија на глобалната сцена“.
Инаку, финалето на Мис на светот ќе се одржи на 31 мај, а на нашата претставничка ѝ посакуваме многу успех.