Веројатно сте застанале пред тезга на пазар и сте се запрашале дали доматот што сакате да го купите е третиран со пестициди.
За да не зависи вашата одлука од довербата во продавачот, еве како можете да препознаете добар домат.
За да утврдите дали доматот содржи пестициди, најдобро е да го отворите и да погледнете внатре. Обично, домат со токсини има жолтеникави ленти и жолт „дел“ во средината.
Исто така, обрнете внимание дали доматите се со иста големина и изгледаат идентично - оние што изгледаат „совршено“ најверојатно не се природно такви.
Избегнувајте и спакувано овошје, бидејќи речиси секогаш доаѓа од производство во кое се користеле хемикалии и пестициди во голема мера.
Меѓутоа, ако доматот не изгледа „совршено“, ако има жлебови, кафеави дамки или е малку чуден по форма, најверојатно е нетретиран домат.
Доматите се растение што ќе го најдете во речиси секоја градина со зеленчук. Тие се релативно лесни за одгледување и даваат големи, црвени, сочни плодови.
Одберете сорта
Секогаш е добра идеја да прашате експерт кој вид домат е најдобар за вашите услови за одгледување. На пример, на отворен простор со многу сонце или на тераса. Само затоа што одредена сорта се продава во сите расадници, не значи дека ќе расте добро во сите услови.
Подготовка на почвата
Погрижете се почвата да не е тврда или набиена. Новиот коренов систем нема да може да расте и да навлезе низ набиената почва, што ќе го направи процесот на длабоко садење бескорисен. Прво ископајте ја почвата, а потоа можете да додадете компост.
Трик со сода бикарбона
Сода бикарбона е еден вид тајно оружје за обезбедување добар раст на доматите. Кога растението ќе порасне околу 2,5 см, треба да посипете 4 лажички околу растението, но внимавајте да не го допирате растението. Постапката треба да ја повторите некое време пред самата берба. Содата бикарбона ќе направи да се намали киселоста на почвата и доматот ќе биде повкусен.