[ФОТО] Купиле минијатурна куќа за едно евро, па од неа направиле сензација со поглед кон ѕвезденото небо

Точка

08/05/2025

13:00

1.261

Големина на фонт

а а а

Замислете дека спиете под стаклен кров додека од креветот го гледате ѕвезденото небо, а сето тоа во куќа помала од поголем дел од зградите.

Звучи како бајка, но тоа всушност е вистина која се наоѓа во малото германско село Рипс каде стара напуштена трафостаница доживеала спектакуларна трансформација.

Марита и Андреас Мос, пар од Германија, одлучиле да создадат нов живот во објект којшто електроенергетска компанија планирала да го сруши.

Ја купиле оваа мини-зграда за симболична цена од само една фунта (малку повеќе од едно евро), па вистинската авантура следела.


„Вложивме околу 185.000 евра, четири години работа и многу љубов за оваа мала куќичка да ја претвориме во нешто посебно“, изјавиле Марита и Андреас за германските медиуми.

Резултат?

Волшебна двокатна куќичка со еден метар квадратен по кат, со неверојатно осмислен ентериер којшто вклучува удобен кревет со поглед кон небото, стаклено катче за кафе и појадок, работна маса, мини кујна со фрижидер, модерен тоалет со туш, подно греење и удобна атмосфера во текот на целата година.

Куќата се изнајмува за 92 фунти од ноќ (околу 107 евра), а веќе привлекла огромен интерес на социјалните мрежи, особено меѓу љубителите на одржливиот начин на живот и минималистички дизајн.


Микро-домови, глобален тренд којшто расте

Оваа куќичка не е изолиран случај, таа е дел од популарниот глобален тренд наречен „tiny house“. Луѓето ширум светот, особено во САД, Јапонија и скандинавските земји, бираат да живеат во мали, функционални и одржливи простори.

Според податоците на „Tiny House Society“, поголем дел од малите куќички имаат 9 до 40 метри квадратни, а причината за нивната популарност се ниските режиски трошоци, поедноставен и пофокусиран начин на живот, можност за мобилност (многу од таквите куќи се на тркала).


Живот во мало место

Додека многумина сѐ уште се борат со идејата дали би можеле да живеат или престојуваат во простор помал од стандардна соба, токму ваквите проекти покажуваат дека убавината е во деталите и во погледот низ панорамскиот прозорец додека пиете кафе.

„Немате телевизор, но затоа имате тишина, природа и небо над вас. Луѓето ни велат дека тука конечно можат да се одморат“, истакнале сопствениците.