Синот на Мајк Џексон откри зошто татко им во јавноста, им го криел лицето со маска

Точка

28/09/2024

17:44

1.005

Големина на фонт

а а а

Кога и да излегуваше на улица со децата, Мајкл Џексон им го криеше лицето со маски. Мајкл којшто почина во 2009 година, има три деца, Принц, Парис и Бланкет (денес Биги), а Принц објаснува зошто тие морале да носат маски додека биле деца.


Принц вели: „Мојот татко разговараше со мене како со возрасна личност. Нѝ кажа дека причината поради која носиме маски е таа што тој сака да имаме свој живот без него. Мислам дека никогаш не размислував околу тоа дали другите деца живееле на ист начин кога биле помали“.


Но кога разбрал кој е татко му, сфатил дека тоа не е нормално. „Се сеќавам дека кога бев во Дизниленд, отидов до прозорецот, а таму беа сите обожаватели коишто ми мавтаа и ме фотографираа. Мислев дека тоа е нормално, па и јас им мавтав“, раскажа Принц.

Дури подоцна разбрал колку бил популарен татко му

Принц вели дека ја сфатил важноста на неговиот татко во светот, дури откако ја видел снимката од неговиот настап, на којашто луѓето паѓале во несвест. Тој исто така вели дека сега ги разбира многуте чудни, родителски одлуки на татко му, со оглед на тоа дека честопати излегувале на улица без него, а притоа никој не ги препознавал.

Принц дипломирал бизнис администрација на универзитетот „Loyola Marymount 2019“, а исто така тој е основач на хуманитарната организација „Heal Los Angeles“, чијашто цел е да го подобри животот на младите луѓе во Лос Анџелес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг