Силвестер Сталоне направи неверојатна работа за своите три ќерки, којашто ќе им го смени животот од корен

Точка

25/09/2024

22:16

9.996

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер Силвестер Сталоне е особено посветен татко, којшто се обидува да им ги исполни сите желби на неговите ќерки, а овој пат тој се потруди да им обезбеди дом од соништата. Имено, легендарниот Роки купил раскошна вила по вртоглава цена од 24,5 милиони долари, на источниот брег на САД, а во којашто ќе се вселат неговите три ќерки.


Куќата неодамна била изградена и има површина од 1.081 квадратен метар, а ја окружува имот со површина од 4.500 квадратни метри, со поглед кон Атлантскиот океан.


За внатрешниот дизајн на куќата задолжен бил реномираниот дизајнер на ентериерот Џејмс Ховард, кој бил инспириран од класичната архитектура.


Сталоне поголем дел од своето слободно време го поминува со своите наследнички, коишто ги доби во бракот со Џенифер Флејвин. Тој постојано им дава лекции на своите ќерки за љубовниот живот и мажите, а им дава и други животни совети.


Софија (28), Сикстин (26) и Скарлет (22) следното лето би требало да се вселат во нивниот нов дом, до кога е планирано да заврши реновирањето на целокупниот комплекс.


Ќерките на Сталоне одлично се согласуваат една со друга, но и покрај тоа многу се разликуваат по својот карактер.


Софија е како „срцето“ на семејството, Сикстин е „таа којашто сака да ризикува“, а Скарлет е „онаа којашто го краде вниманието“, додека нивната мајка ја има улогата на „кралица“ во семејството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг