[ФОТО] Поп дивата го тргна црниот вел од лицето, па ја шокираше јавноста: Пластичен хирург тврди дека има „изглед на вонземјанин“ поради овие интервенции

Точка

24/09/2024

10:19

6.580

Големина на фонт

а а а

Мадона пред три дена се појави во фустан од бел, проѕирен тул, кој го украсила со црн корсет со халтери и уште еднаш докажа дека и на 66-годишна возраст останува доследна на себе.

Како што сме навикнати, нејзините стајлинзи не се комплетни без мрежестите чорапи кои полека, но сигурно стануваат нејзин заштитен знак. Преку градите пејачката носела крзнена наметка која се врзувала на деколтето.


Црните длабоки чизми со висока потпетица беа нејзиниот избор за ревијата на „Dolce & Gabbana“, а како дополнителен детаљ, Мадона одлучила да ја покрие главата со црна тантела.


Нејзиниот изглед веќе со години шокира, поточно нејзината желба и упорност да остане „вечно млада“. Сите тие обиди да ја зачува младоста, за кои биле потребни хируршки интервенции, резултираа со изглед кој е тема број еден секогаш кога Мадона ќе се појави во јавноста.


Особено се издвои коментарот на еден неименуван пластичен хирург, кој детално објасни што се случило, па познатата пејачка сега го има овој специфичен изглед:


„Направила подигање на средниот дел на лицето, но претходно ставила премногу филер во образите. Тоа доведува до неприродни набори кои понекогаш се нарекуваат и џокер линии, кои се протегаат од двете страни на лицето, од устата преку средината, и поради кои изгледате како да имате бизарно широк горен дел на лицето, масивни јаболчици и изглед на вонземјанин. Исто така, таа претерала со пополнување на усните и ботоксот во челото, а претходното подигнување на горниот дел од лицето и веѓите воедно ја поместил нејзината линија на косата наназад“.

Посебно по појавувањето на Греми 2023, лицето на поп дивата почна да станува сè поотечено и позатегнато.

Зборувајќи во тоа време, сертифицираниот пластичен хирург д-р Мајкл Хорн од Чикаго го даде своето стручно мислење за процедурите кои можеби ги имала.


Д-р Хорн верува дека Мадона не само што направила „фејслифтинг“ - за што рече дека е „очигледно затоа што нејзината кожа делува затегнато и повлечено без брчки“ - туку и го оперирала носот.

Тој исто така тврдеше дека пејачката користела премногу филери за лице, кревање веѓи и ботокс. Иако во овој момент Мадона сè уште не го коментирала својот изглед во Милано, минатиот пат на големо се шпекулираше за нејзината промена на изгледот и таа тогаш одговори. Неколку дена по доделувањето на наградите Греми, Мадона сподели фотографија од своето лице на Инстаграм. На фотографијата, нејзиниот изглед изгледаше многу поедноставен и како нејзиниот вообичаен изглед.

Натписот што таа го сподели покрај фотографијата гласеше: „Погледнете колку сум слатка сега кога отокот од операцијата се намали“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг