Прекрасната холивудска актерка Кетрин Зета Џонс го прослави својот 55-ти роденден, а на ист ден е роден и нејзиниот славен сопруг Мајкл Даглас кој вчера наполни 80 години.
По тој повод, Кетрин на својот Инстаграм профил објави стара фотографија на која позира целосно гола.
„Во моето роденденско одело! По повеќе од 25 години делење родендени со мојот сопруг, ми недостасуваат идеи за подароци. Овој подарок е опција број два, топчињата за голф се опција број еден, секако“, напишала таа под фотографијата на која позира гола во бања пред огледало.
Таа додала и нивна заедничка фотографија.
„Среќен роденден на мене и Мајкл. Ова сме ние на нашиот роденден пред 25 години. Те сакам со целото мое срце“, напиша Кетрин.
Инаку, иако поради разликата во години многумина предвидуваа дека славниот пар нема долго да издржи, тие го докажаа спротивното и важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд.