„The Last of Us“: Трејлер за втората сезона

Точка

27/09/2024

15:12

838

Големина на фонт

а а а

Помина извесно време откако оние кои никогаш не слушнале за оваа видеоигра се заљубија во „The Last of Us“. Серијата ја освои публиката и покрај оние кои се жалеа дека не е „се како во популарната игра“. Неодамна беше објавен трејлерот за втората сезона.

Џоел и Ели се враќаат, а сега веќе можеме да ги видиме во првиот целосен трејлер за новата сезона. Кратки клипови ги освоија социјалните мрежи пред неколку месеци, но целиот трејлер е нешто друго.

Сите веќе знаат дека мрачната пост-апокалиптична драма се базира на популарната игра, а во новата сезона ги гледаме истите херои – поминаа пет години од она што Џоел го направи во последната епизода. Светот е уште поопасен отколку што беше, а пријателите веќе не се исти.

Покрај добро познатите херои, во новиот трејлер може да се видат и некои нови: Џефри Рајт го игра Исак, за кого го позајмуваше и гласот во играта, а Кејтлин Девер ја доби улогата на Аби, која е клучен лик во продолжението.

Приказната се проширува и како што првата сезона го пресликуваше она што се случи во првата игра „The Last of Us“, така и втората го имитира „The Last of Us: Part II“. Тоа не е нужно добра вест – ако не знаете зошто, наскоро ќе дознаете.


Премиерата на сервисот „HBO“ е закажана за 2025 година, но точниот датум сè уште не е познат. Сè укажува дека тоа би можело да се случи во првата половина од годината, за серијата да се квалификува за Еми наградите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг