[ВИДЕО] Во екот на обвинувањата на сметка на Пи Диди се споделува исечок од старо интервју: Шега која денес звучи морничаво

Точка

25/09/2024

10:20

7.167

Големина на фонт

а а а

Контроверзната шега на Шон „Диди“ Комбс за време на гостувањето кај Конан О'Брајан во 2002 година повторно се споделува на социјалните мрежи, а по неодамнешните обвиненија и апсење на раперот, многумина ја опишуваат како морничава.

За време на интервјуто од 2002 година, Диди разговарал за забавите кои ги организирал, самоуверено фалејќи се за важноста да се соберат убави жени и да се обезбеди многу алкохол.

Раперот и музички продуцент беше познат по повеќедневните, екстравагантни забави кои ги привлекуваа најголемите холивудски ѕвезди. Така, на познатиот водител му објаснил што сè содржат неговите забави, наведувајќи дами, алкохол и вода.

„Многу дами пијат вода на забавите, па ако го немате она што им треба, тие ќе си заминат“, рекол тој.

Потоа Диди сугерирал дека вратите треба да се заклучат за да се осигура дека жените ќе останат на неговите забави.

„Потребни ви се брави на вратите за да ги спречите дамите да си заминат. Тоа е малку настрано“, додал раперот.

Иако оваа изјава во тоа време се толкуваше како шега, таа сега добива многу поинаков тон во светло на новите обвиненија.

Пи Диди продолжил со своите сомнителни совети додавајќи дека обично ги држи клима уредите исклучени и просториите топли за луѓето да се чувствуваат „удобно и опуштено“.


Видеото повторно се појави во период кога Диди се соочува со сериозни обвинувања за трговија со луѓе, а многу познати личности, наводно, се двоумат да зборуваат против него.

Обвинителите тврдат дека овие настани вклучувале дрогирани жени кои биле принудени на понижувачки сексуални чинови со познати личности.

Во обвинението објавено во вторникот наутро, федералните обвинители тврдат дека Шон Диди Комбс и неговите соработници им се заканувале, злоставувале и принудувале жени и други околу него „да ги исполнуваат неговите сексуални желби“.

Низата обвиненија во тужбите против Комбс датираат уште од 1990-тите, кога тој ја основал својата издавачка куќа „Bad Boy Records“, а меѓу нив е и силување на 17-годишна девојка како и истражување дали имало уште малолетни жртви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг