Се огласи уште една жртва на уапсениот рапер: Тврди дека ја принудил на неморални дејствија, по што останала бремена

Точка

28/09/2024

19:28

959

Големина на фонт

а а а

Американскиот рапер Шон Диди Комбс, попознат како Диди, се соочува со уште едно обвинение за сексуален напад.

Американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс, попознат како Диди, се соочува со уште едно обвинение за сексуален напад. Во последната тужба, жена под псевдонимот Џејн До тврди дека Диди ја дрогирал во својот дом и неколку пати ја силувал, а таа останала бремена.

Тужбата доаѓа само неколку дена откако Комбс беше уапсен во хотел во Њујорк. Раперот се соочува со бројни обвиненија за рекетирање, сексуално насилство и трговија со луѓе.


Споменатата жена тврди дека Диди го запознала во 2020 година, а злоупотребата и малтретирањето продолжиле до јули оваа година. Таа тврди дека била принудена да оди во домовите на Комбс во Њујорк, Лос Анџелес и Мајами и дека раперот ја присилувал да му „приредува шоу“ при секоја посета.


Во еден момент Џејн направила тест за бременост и тој бил позитивен. Кога му го кажала тоа на Комбс тој ја убедил да абортира. Набргу потоа, таа имала спонтан абортус. Во тужбата се наведува дека Комбс, заедно со неговите соработници, ја следеле нејзината локација и ги прислушувале нејзините разговори.

За потсетување, Комбс се соочува со бројни обвиненија за силување, сексуален напад и принудно дрогирање. Тој се изјасни за невин за делата рекетирање и сексуална трговија, но, сепак останува во затвор бидејќи му беше одбиена кауцијата. Неговиот адвокат рече дека е невин и ќе се бори да го „исчисти“ неговото име.

Адвокатот на Комбс не одговори на наводите изнесени во последната тужба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг