Беше најголемата детска ѕвезда, а сега ги прославува своите родендени на психијатрија: За малку ќе ја убиел својата мајка и себеси, а ова тотално го уништило

Точка

24/09/2024

11:23

5.795

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Џејк Лојд се прослави со улогата на младиот Анакин Скајвокер во филмот „Star Wars: Episode I - The Phantom Menace“ од 1999 година, а неодамна беше објавена вест дека тој во последните 10 месеци се наоѓа во институција за ментално здравје и таму ќе помине уште половина година, како што потврди неговата мајка Лиса Лојд.

Денес 35-годишниот Џејк Лојд, кому во 2008 година му била дијагностицирана параноична шизофренија, го напушти светот на глумата поради негативните реакции на „The Phantom Menace“, меѓутоа неговата мајка ја отфрла идејата дека тоа влијаело на неговото ментално здравје.

„Тоа сеедно ќе се случеше. Верувам дека тоа е генетски и неговиот психијатар исто така се согласува дека на Џејк му било судено да стане шизофреничар“, изјавила Лиса.


Неговото загрижувачко однесување почнало да се забележува уште кога бил во средно училиште, кога симптомите станале почести и сè побрзо се развивале.

„Почна да зборува за „паралелни реалности“. Не знаеше дали е во оваа или во некоја друга реалност. Јас не знаев точно што да кажам на тоа“, се присетила таа.

Лиса тогаш го однела својот син на лекар, кој прво се посомневал дека има биполарно растројство, а подоцна точно била утврдена конечната дијагноза. Таа раскажала како водела тешка битка со пружањето на помош на Џејк, кој често одбивал да ги зема лековите. Лиса открила дека тој доживеал психички слом минатата година додека се возеле со автомобил, поради што и двајцата за малку ќе загинеле и по што Џејк бил сместен во институција во период од една и пол година.


„Му оди многу подобро отколку што очекував. Подобро се поврзува со луѓето и станува малку посоцијален, што е навистина убаво. Како да се враќа стариот Џејк, бидејќи отсекогаш бил неверојатно социјален додека не се разболе“, признала неговата мајка.

Џејк имаше само 9 години кога го глумеше младиот Анакин Скајвокер, но славата која следеше не му донесе ништо друго освен проблеми во животот.


Филмот разочара многу фанови на популарната франшиза, што довело до тоа Џејк да биде малтретиран на училиште. Подоцна, во 2001 година го сними филмот „Madison“, па се повлече од актерството. Освен во „Star Wars“, забележителна улога имаше и во комедијата „Jingle All the Way“ од 1996 година, заедно со Арнолд Шварценегер.

Во 2015 година беше уапсен бидејќи возел без возачка дозвола, не застанал на црвено и давал отпор при апсењето, поради што заврши 10 месеци во затвор. Тој беше префрлен од затвор во психијатриска установа каде всушност му била дијагностицирана шизофренија. Џејк накратко беше пуштен од болница во 2019 година, а странските медиуми објавија дека таму го дочекал својот 32-ри роденден. Во меѓувреме излезе и повторно се врати минатата година.


Исто така, неколку години претходно се пишуваше дека Џејк физички ја нападнал мајка си, но таа не сакала да поднесе пријава бидејќи тој во тој момент не бил на лекови.

Во 2018 година, актерот се соочи и со загубата на неговата помлада сестра Медисон, која почина во сон од природна смрт на 26-годишна возраст. Мајката на Џејк изјавила дека нејзината смрт го скршила целото семејство, особено нејзиниот син.



Спонзорирани линкови

Маркетинг