Ѕвездата на „Harry Potter“, Меги Смит, почина на 90 годишна возраст

Точка

27/09/2024

18:31

733

Големина на фонт

а а а

Актерката Меги Смит почина на 90 годишна возраст, а веста за нејзината смрт ја соопштија нејзините синови Крис Ларкин и Тоби Стивенс.


„Почина рано изутринава во болницата во кругот на семејството и пријателите. Остави двајца синови и пет внучиња, коишто се многу потресени поради загубата на нивната извонредна мајка и баба. Сакаме да ја искористиме оваа можност за да му се заблагодариме на прекрасниот персонал на болницата „Chelsea and Westminster“, за нивната грижа и бескрајна љубезност во текот на последните денови на Меги. Ви се заблагодаруваме на сите љубезни пораки и поддршка и ве молиме во овој момент да ја почитувате нашата приватност“, соопшти семејството на актерката.


Смит кариерата ја започна во педесетите години на минатиот век кога почнала да глуми во театарот „Playhouse“. Набргу по театарските улоги, ја започнала и својата филмска кариера, а едната од првите позначајни улоги ја имаше остварено во трилерот „Nowhere to Go“ од 1958 година.


Во текот на богатата кариера Смит освои два Оскари, четири Еми награди, три Златни глобуси, наградата „Tony“ и пет пати ја освои наградата „BAFTA“. Оскарите ги освои за улогите во филмовите „The Prime of Miss Jean Brodie“ од 1969 година и „California Suite“ од 1978 година.

Смит работеше со најпознатите холивудски актери, а на помладите генерации им е позната по улогата на „Minerva McGonagall“ во филмовите за Хари Потер, како и улогата на „Violet Crawley“ во серијата „Downtown Abbey“.

Смит беше во брак два пати, првиот пат со актерот Роберт Стивенс, а втор пат со Беверли Крос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг