Актерката ги открива тајните од снимањето на познатиот трилер: „Секоја вечер заспивав во солзи“

Точка

28/09/2024

20:01

952

Големина на фонт

а а а

Мишел Фајфер се потсети како беше да се работи на познатиот криминалистички трилер „Scarface“, а тогаш таа била на 25 годишна возраст.

Познатата актерка стана популарна по нејзината улога во филмот „Брилијантин 2“ од 1982 година, а една година подоцна, по исцрпувачките аудиции, успеала да добие улога во филмот „Scarface“ во којшто глумеше заедно со Ал Пачино, Марк Марголис и Мари Елизабет Мастрантонио. Во овој култен филм, таа ја глумеше жената на мафијашот којашто се вљубува во Тони Монтана.


Фајфер во минатогодишниот поткаст „The Skinny Confidential“, откри дека на снимањето на филмот, се чувствувала многу несигурно бидејќи немала доволно актерско искуство како нејзините колеги.

„Секоја вечер заспивав во солзи кога го снимавме „Scarface“. Ете колку самодоверба имав“, изјави Фајфер.


Аудицијата за овој филм исто така била исцрпувачка, а Фајфер вели: „Аудицијата беше многу интензивна и макотрпна, мислам дека траеше два месеци, но јас имав чувство дека трае година дена“.

„За мене тоа беше многу голема работа. Пачино сакаше друга девојка за таа улога, што беше разбирливо. Јас сум девојка од Брилијантин 2“, раскажа Фајфер.


И покрај тоа што мислела дека нема да ја добие улогата во „Scarface“, месец дена по завршувањето на аудицијата, добила повик да се приклучи кон актерската екипа во Њујорк.

„Бев толку нервозна. Пачино е љубезна, добра и великодушна личност, но јас бев окружена со сите тие актери, а немав доволно искуство зад себе“, додаде Фајфер.

Покрај несигурноста и ниската самодоверба Фајфер со својата улога ги воодушеви гледачите, и успеа да се пробие во светот на Холивудот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг