[ФОТО] Заработува по 80.000 долари, а не работи ништо: „Се изнајмувам себеси на осамените луѓе“

Точка

25/09/2024

20:06

5.745

Големина на фонт

а а а

Јапонецот Шои Моримото заработува огромна сума на пари „изнајмувајќи се себеси“ за дружба со други луѓе и тоа не само со своите сонародници, туку со странците, и открива од што точно се состои „неговата работа“.

„Вирусот на осаменоста“ е широко распространет во Јапонија, што може да се заклучи од случајот на Шои Моримото, којшто заработува огромна сума на пари „изнајмувајќи се себеси за дружба“ со други луѓе.

Моримото на овој начин заработува и до 80.000 долари годишно, пишува „Њујорк Пост“, а приказната на овој Јапонец ги преплави социјалните мрежи.

„Ова го правам за пари, секако, но и поради желбата да им помогнам на луѓето коишто се осамени и коишто многу страдаат поради тоа“, вели Моримото.

Своите услуги Јапонецот ги наплаќа во износ од околу 100 долари, и како што вели досега има повеќе од 1.000 клиенти. Притоа клиентите не се само неговите сонародници, туку има и многу странци. Како што вели тој, со странците вообичаено се дружи од два до три часа, и одбегнува впуштање во длабоки разговори со нив.


Како изгеда ова во пракса, тој опиша во своите мемоари од 2023 година, наречени „Личност за изнајмување која ништо не работи“.

„Еднаш ме ангажираше жена да ја гледам како ги шпионира тајните профили за „dating“ на социјалните мрежи на нејзиниот маж. Врескаше на секои 10 мин“, напиша Моримото, и додаде: „Во еден момент, по грешка го лајкуваше профилот на еден маж. Следните два часа гледаше во таванот и изгледаше многу вознемирено“.

Тој исто така раскажа дека бил ангажиран од една жена, којашто требал да ја гледа како јаде искинати парчиња хартија како ориз. „Тоа беше толку смешно“, вели Моримото.

„Никогаш нема да бидам пријател со луѓето кои ме вработуваат иако заработувам 80.000 долари годишно, односно нешто повеќе од 6.600 долари месечно. Оваа работа ја работам од 2018 година, но јас сум сопруг и татко и имам доволно вистински пријатели“, раскажува Моримото.


Инаку, Моримото е дел од проектот за сузбивање на „хикикомори синдромот“, односно повлекувањето предизвикано од хроничната осаменост, којашто е особено честа појава во Азија.

Фактот дека овој синдром се шири, сведочи и тоа што истражувачите на клиничката психологија од Холандија во својата студија од 2023 година, овој синдром го нарекоа „глобален феномен“.

Екстремното социјално повлекување, според психолозите, може сериозно да го успори менталниот и општествениот развој на личноста.

Заклучокот на холандските психолози го потврди истражувањето од јули 2023 година, на јапонскиот универзитет „Кјушу“, во коешто е откриено дека осаменоста навистина предизвикува неколку сериозни здравствени проблеми, како физички така и психички.

„Општествената изолација е поврзана со прерана смртност, зголемен ризик од коронарни болести на срцето и мозочен удар, зголемена депресија и зголемен ризик од деменција“, велат јапонските истражувачи.