Жената која купила куќа преку „Facebook Marketplace“ неодамна сподели колку е воодушевена од купувањето, при тоа покажувајќи ја старата црква што моментално ја реновира. Фани Барлоу објави снимка од напуштената црква, која досега собра повеќе од 300.000 прегледи.
Во виралното видео, таа прво ја покажа надворешноста на црквата, а потоа влезе во неа за да ја открие моменталната состојба на објектот.
Сака да избега од Олимписките игри во 2032 година
„Живеам во Бризбејн, Австралија, но не можев да си ги дозволам цените од пазарот за недвижнини овде“, рече таа. Барлоу откри дека сакала да купи имот надвор од Бризбејн за да избега од Олимпијадата, која ќе се одржи таму во 2032 година.
„Олимписките игри ќе биде кошмар за жителите на оваа област и не сакам да бидам овде во тоа време или да ги плаќам зголемените кирии и трошоци што ќе дојдат со тоа“, рече таа. „Затоа ја купив црквата за да можам да живеам во неа и истовремено да се обезбедам за годините по пензионирањето“, објасни Барлоу за „Newsweek“.
Ја откри и цената на црквата
Бидејќи ниту една банка не ѝ одобрила кредит за купување на црквата, таа решила да ја купи со сопствени пари. „Вкупната цена на црквата беше 82.000 долари, што е помалку од капарот за семеен дом во Бризбејн, а јас сум сега нејзин сопственик без долгови“, рече Фани.
„Ќе бидат потребни неколку години за да се обнови, а мојата цел е да биде вселива и функционална до Олимписките игри во Бризбејн“, рече таа.
Инаку според експертите за имот од компанијата Сохо, просечната цена на куќа во Бризбејн изнесува 742.500 долари.