Претходно овој месец беше потврдено дека креаторот на „Нутела“ Франческо Ривела починал на 97-годишна возраст. Веста дека човекот одговорен за еден од најпознатите слатки намази почина, натера многумина да размислуваат зошто буквата „Н“ во логото на Нутела е црна, додека останатите се црвени?
Не многу долго по смртта на Ривела, ова прашање повторно се појави на интернет. Еден корисник на социјалните мрежи напиша: „НЕЕЕЕ, само што сакав да го прашам зошто „Н“ е црно“. Друг му одговорил: „Тој замина прерано, сега никогаш нема да дознаеме“.
Но, за сите оние кои се прашуваа за тајната на црната буква „Н“, Ривела го дал одговорот пред неговата смрт. Одлуката е донесена за да се избегне проблем со заштитниот знак.
Кога Ривела и Микеле Фереро, син на основачот на „Фереро“, го создадоа кремастиот намаз од лешник во 1964 година, тој првично бил наречен „Supercrema gianduja“. Меѓутоа, поради промените во италијанското законодавство за рекламирање храна, тие морале да го сменат името. Новиот закон ја забранил употребата на зборови како „супер“ во имињата на брендовите бидејќи може да ги доведе во заблуда потрошувачите.
Така се одлучиле за името Нутела, комбинација од англискиот збор „nut“ (лешник) и италијанскиот збор „ella“ (слатко), што одлично ја опишува содржината на теглата. Меѓутоа, кога се обиделе да го заштитат името Нутела, наишле на проблем – во тоа време веќе постоела регистрирана трговска марка со истото име и целосно напишана со црвени букви. За да избегнат правни пречки и да можат да регистрираат сопствено лого, Ривела и Фереро решиле едноставно да ја променат бојата на првата буква од црвена во црна – и на тој начин бил создаден препознатливиот визуелен идентитет на Нутела.