[ФОТО/ВИДЕО] Ова Мексиканка стана првата адвокатка со Даунов синдром во светот

Точка

21/08/2024

13:18

3.324

Големина на фонт

а а а

Ана Викторија Еспино Де Сантиаго (25), неодамна го оствари својот најголем сон, дипломирајќи право на универзитетот „Benemerita Universidad Autonoma de Zacatecas“ во Мексико и така стана првата адвокатка со Даунов синдром во светот, пишува магазинот „Social Diary“.

Ана Викторија и покрај ограничувањата со коишто се соочувала, одлучно му пркосела на општеството кое се сомневало во нејзините способности. Ана Викторија ги надмина очекувањата на многумина и докажа дека нејзината здравствена состојба не е пречка за постигнување на академски и професионални цели.

Уште од детството Ана ја имала целосната поддршка на своите родители, коишто ја негувале културата на образование а нејзиниот академски пат го дефинирала одлучноста. Основното и средното образование го завршила во Институтот „Ana Sullivan“, се занимавала и со сликарство, а своите дела ги изложувала на разни уметнички изложби.


Ана Викторија е голем активист за правата на лицата со инвалидитет, често пати учествува на различни трибини и конгреси, борејќи се за општествена рамноправност на лицата со потешкотии и инвалидитет. Таа исто така има намера да стане политички активна, и сака да стане парламентарка којашто ќе се бори против дискриминацијата во општеството.


Ана Викторија со својата диплома се приклучи кон другите лица со Даунов синдром коишто постигнале голем успех во нивните кариери, како што е Пабло Пинеда, актерот и првиот европски дипломец со Даунов синдром.