[ВИДЕО] Се облекуваат како да се вистински Италијанки: Мајка и ќерка ги освоија мрежите со беспрекорните стајлинзи, секој е совршен до детаљ и пример како треба да изгледа една модерна жена

Точка

25/06/2024

10:28

15.207

Големина на фонт

а а а

Италија е земја на историјата, неверојатните културни споменици, вкусната храна и секако модата. Италијанките отсекогаш важеле за едни од најдобро облечените жени во светот.

А бројни модни куќи од оваа земја станаа синоним за добар стил. Така неодамна наидовме на едно видео на кое мајка и ќерка од Германија гордо се шетаат во своите беспрекорни комбинации, кои наликуваат на оние на прекрасните Италијанки.


Имено, блогерката Александар Лап од Германија, која ја следат нешто повеќе од милион луѓе, често споделува прекрасни видеа во кои таа и нејзината мајка ја покажуваат сета убавина на совршените модни комбинации.


Станува збор за многу слични парчиња облека, но приспособени на возраста на овие жени. Секое парче е внимателно вклопено, боите се живи, примамливи, воочливи, а сепак толку хармонични што целата облека зрачи со стил и елеганција.


Посебно внимание привлекуваат и фризурите на мајката и ќерката, така што госпоѓата носи кратка, модерна верзија на боб, а нејзината коса е природно седа и совршено се вклопува во отменоста на нејзините стајлинзи.


Ќерката има нешто подолга коса, исто така со природна кафеава боја, која е вклопена во согласност со облеката, па и стилизирана.

Внимателно се бираат и деталите што се однесуваат на накитот, чантите и очилата, а она што е најубаво е нивната енергија и самодовербата со која зрачат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг