За неверување! Објавено видео од роденденот на Софија Лорен, и на 90 години е божица на убавината: „Безвременска, елегантна, прекрасна“

Точка

28/09/2024

09:17

15.024

Големина на фонт

а а а

Легендарната актерка Софија Лорен на 20-ти септември наполни 90 години! Неколку дена подоцна, нејзиниот пријател и култен дизајнер Џорџо Армани објави видео од таа прослава на својот Инстаграм профил со кое Лорен ја воодушеви јавноста со својата безвременска, неуништлива убавина.

Лорен го прославила големиот животен јубилеј во креација на Џорџо Армани, носејќи и дијамантски обетки и ѓердан. Познатиот Италијанец објави и неколку заеднички фотографии со актерката, како доказ за нивното повеќедецениско пријателство.


Гостите на оскаровката ѝ отпеале специјална верзија на песната „Happy Birthday“, што ја изненадило, како што може да се види на видеото. „Многу посебна прослава на 90-от роденден на Софија Лорен“, напишал Армани во описот на снимката.

На Инстаграм со воодушевување го коментираат изгледот на Софија Лорен: „Таа е неверојатна“, „Жена - икона“, „Колку е убава, Боже“, „Прекрасна“, „Најубавата жена“, „Изгледа неверојатно“, „Безвременска, елегантна, прекрасна“, „Надреална“, „Таа е вистинска дама“, „Како што велеше татко ми - единствената кралица која ја признавам е Софија Лорен“.


Софија минатата година доживеа несреќа кога падна во својот дом во Швајцарија, при што се здоби со повреди на бутната коска и колкот. Шест недели подоцна нејзиниот менаџер Карло Џуисти изјавил дека актерката закрепнува и дека сè оди во добра насока.

Во 2016 година, актерката зборуваше за „People“ за тоа колку брзо минуваат годините. „Кога имаш 20 години, не мислиш дека ќе наполниш 80, но кога ќе стигнеш на таа возраст, сè уште не можеш да поверуваш. Боже, колку години поминаа. Почнав кога имав 15 години, бев мала и слаба „чепкалка“ и потоа растев и растев и растев“.


Лорен беше финалистка на изборот за Мис Италија, а првпат се појавила на натпревар за убавина како тинејџерка.

Актерката зборуваше и за нејзината кариера и особено ја истакна соработката со Марчело Мастројани.


„Најшармантен беше Марчело Мастројани. Тој беше единствен во мојата кариера бидејќи работев со него 20 и повеќе години. Така, тој беше како мој брат, беше како мој сопруг; тој беше сè за мене. Се познававме толку добро и работевме заедно на таков прекрасен начин. Снимавме филмови еден по друг и секој беше голем успех“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг