[ФОТО] Проѕирно, тесно, кратко: Познати жени кои го слават својот труднички стомак

Точка

28/09/2024

13:28

1.143

Големина на фонт

а а а

Хеланки, специјално дизајнирани фармерки, широки туники, предимензионирани фустани... Ова се парчињата облека кои обично ги нудат продавниците во склоп на понудата за трудници.

Секако, примарната цел на овие широки парчиња не е да го сокријат стомакот, туку удобноста. Во одреден момент од бременоста, често на крајот на првиот или на почетокот на вториот триместер, повеќето трудници сфаќаат дека нивната гардероба, или барем дел од неа, нема да им биде од корист во претстојниот период.

И така се префрлаат на труднички парчиња (или во прв план доаѓа предимензионираната облека, која инаку е многу популарна).

Но, покрај дамите кои во текот на бременоста најмногу сакаат да ги поминуваат деновите во широки, предимензионирани парчиња, тука се и оние трудници кои сакаат да го покажат својот труднички стомак. Меѓу нив се и бројни познати дами.

Една од нив е Марго Роби, која фотографите деновиве ја снимија во тесна црна маица со спуштени раменици која е проѕирна во пределот на стомакот.


Славна дама чии труднички изданија отсекогаш привлекувале внимание е Ријана. Пејачката гордо го покажуваше голиот труднички стомак и на црвениот тепих и во лежерни, секојдневни ситуации.


Во продолжение погледнете кои други познати дами за време на бременоста не го криеја трудничкиот стомак под широка облека:

Суки Вотерхаус


Сиена Милер


Шеј Мичел


Емили Ратајковски


Бар Рафаели


Каролина Страмаре


Ванеса Хаџенс




Спонзорирани линкови

Маркетинг