Ова е најнездравото сирење: Многумина го обожуваат, но не знаат дека го зголемува ризикот од мозочен удар

Точка

25/09/2024

22:32

8.132

Големина на фонт

а а а

Сите сме љубители на млечните производи, особено на превкусните различни видови сирења. Но, сепак, можеби ќе треба да размислите за видот на сирење што го купувате, бидејќи не се сите подеднакво здрави.

Сепак, треба да се напомене дека овој факт не значи дека треба целосно да избегнувате да го јадете.

„Сите намирници, вклучително и сирењето, може да се консумираат умерено“,  вели нутриционистот Тоби Амидор во интервјуто за списанието „Јади го ова, не она“ (Eat This, Not That).


Меѓутоа, некои сирења содржат голема количина на заситени масти, што може негативно да влијае на нашето здравје. Поради оваа причина, многу нутриционисти веруваат дека синото или „мувлосаното“ сирење е најнездраво.

Имено, 135 грама сино сирење содржи 35 грама заситени масти, што го прави едно од најнездравите сирења што можете да ги изберете. Исхраната богата со заситени масти е поврзана со зголемено ниво на лошиот (ЛДЛ) холестерол, што го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочен удар, објаснува Амидор.


Консумирањето големи порции сино сирење може да доведе и до зголемување на телесната тежина.

Насоките за исхрана за Американците 2020 – 2025 (ДГА) препорачуваат дека секојдневната исхрана на луѓето не треба да содржи повеќе од 10 отсто заситени масти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг