3 природни еликсири против грип кои проверено помагаат: Направете ги дома и ќе оздравите побрзо отколку што сте се надевале

Точка

28/09/2024

11:04

479

Големина на фонт

а а а

Есента пристигна - по топлите денови нè очекува опаѓање на температурите, а со тоа во „пакет“ пристигнуваат и настинките и грипот.

Намирниците кои уште од дамнешни времиња се користат за лекување на настинки и грип ги издржаа тестовите и на скептичните научници. Сега со сигурност се знае, а тоа го потврдија и истражувањата, дека лукот, биберот и лутиот рен помагаат при вакви состојби.

Ренот зазема посебно место меѓу природните лекови против грип бидејќи лековитите состојки од коренот на ова растение го разредуваат секретот од белите дробови и на тој начин го олеснуваат дишењето и искашлувањето.


Лимонот докажано помага бидејќи делува како антибиотик. Пчелните производи исто така се сметаат за врвни антиоксиданти, а имаат и антибактериски и антиинфламаторни својства. При првите знаци на грип се препорачува да се земе парче саќе и да се џвака 10-15 минути на секои 3 часа, а мед да се зема секое утро.

Кога станува збор за зачините, циметот е неприкосновен во борбата против вирусите, особено во комбинација со мед. А за да останете здрави ќе ви треба и ѓумбир кој има антисептичко дејство, а доколку го користите како додаток на чаеви и топли напитоци ја смирува кашлицата.

Затоа, кога грлото ќе почне да ве боли, а носот да ви тече, подгответе некој од овие 3 домашни рецепти против грип:

Ароматичен сируп

Во тегла изрендајте го претходно исчистениот корен од ѓумбир, исцедете два лимони и сè прелијте со 300 грама мед. Добро протресете, чувајте го во фрижидер и земајте по една лажица три пати на ден.

Оваа вкусна комбинација помага и при настинка и при воспаление на синусите.


Руски напиток со рен

Овој еликсир, кој со векови се користи во Русија, помага во борбата против вирусите и во лекувањето на болки во грлото.

Во чаша топла вода ставете една лажица рендан свеж рен, една лажичка мед и една лажичка рендано каранфилче. Пијте го полека со постојано мешање бидејќи ренот ќе падне на дното. Од овој напиток треба да испиете 3 чаши дневно.

Романски еликсир

Овој стар еликсир се прави од лимон, мед, црвено вино, мелен цимет, морско оревче и каранфилче. Во два литра ладна вода ставете 4 ситно исечкани лимони без кора и 4 лажици мед, поклопете и оставете да се вари 20 минути. Потоа додадете една лажица мелен цимет, исто толку морско оревче, половина кафена лажичка мелено каранфилче и 2 децилитри црвено вино. Поклопете и оставете да се вари уште 5 минути.


Оваа количина на пијалок треба да се испие во рок од 24 часа, со тоа што секој пат треба да ја процедите и загреете само онаа количина која ќе ја испиете во моментот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг