[ФОТО/ВИДЕО] По бројните навреди за физичкиот изглед: Адријана Лима се врати во својот полн сјај и изгледа непрепознатливо и посекси од било кога!

Точка

28/09/2024

21:52

1.030

Големина на фонт

а а а

Светскиот топ модел Адријана Лима (43) во 2018 година за последен пат прошета на модната писта за познатиот моден бренд „Викторијас сикрет“. Потоа, својата манекенска кариера ја стави на пауза, бидејќи нејзината улога како родител беше многу поважна. Во меѓувреме, се појави на само неколку модните ревии.

Како што одминуваше времето, така и физичкиот изглед на бразилската убавица се менуваше. Набргу откако го роди своето трето дете, пошироката јавност почна да ја критикува нејзината фигура.


Во интервјуто за магазинот „Пипл“ таа зборуваше за својата борба со вишокот килограми, и истакна дека „секој ден за неа е нова борба“.

Но, денес ситуацијата е сосема поинаква. Таа го остави своето темно минато зад себе, а на овогодинешната Модна недела во Париз реши да го покаже своето ново/старо јас.




Овој пат таа се најде во добро позната улога – улога на манекенка Лима прошета по пистата за познатиот моден бренд „Скиапарели“ („Schiaparelli“) во рамките на ревијата пролет/лето 2025 година.


Судејќи по фотографиите, таа успеа да си ја врати фигурата која ја прослави во светот на манекенството, а нејзините многубројни обожаватели беа воодушевени од нејзиното неочекувано враќање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг