Време е за густа супа: Најсилниот зеленчук во превенција и лекување од карцином, како и уништување на Хеликобактер пилори:

Точка

27/09/2024

22:07

16.096

Големина на фонт

а а а

До пред околу 15 години, брокулата не беше баш вообичаена состојка во редовните менија. Но, малку по малку, тој „зелен карфиол“, како што некогаш описно се нарекуваше, се најде на нашите чинии, благодарение на зголемената популарност на медитеранската кујна на која ѝ припаѓа и стана чест прилог на месото и состојка во многу рецепти. Ја јадеме со ориз или со тестенини, подготвуваме кремасти супи.

Кралицата на здравата храна

Зелените цветови можете слободно да ги јадете доколку сакате да изгубите неколку килограми, бидејќи брокулата е 89 отсто вода, а има само 34 калории на 100 грама.

Има репутација на храна која го намалува ризикот од заболување од тумори, а некои од овие тврдења се научно докажани.

Две од неговите супстанции што содржат сулфур се особено корисни.


Сулфорафанот ги стимулира одбранбените механизми на организмот во борбата против ракот на желудникот и дебелото црево и ја уништува бактеријата Helicobacter pylori.

Индол карбинол, од друга страна, може да го нападне вирусот Херпес симплекс и да го спречи неговото размножување.

Се покажа дека брокулата е најсилна меѓу растенијата во превенција и третман на рак, благодарение на нејзината способност да стимулира антитуморни ензими.

Рецепт за густа супа од брокула


Состојки:

500 гр свежа брокула;

2 литри вода;

1 дл павлака;

1 згмечено чешне лук;

масло;

брашно;

сол и зачини по желба;

препечено лепче.

Подготовка:


Исцепкајте ја брокулата на цветчиња и варете ја додека не омекне.

Изблендирајте ја во блендер или измешајте ја во тенџере со миксер и додадете ја запршката од брашно со лукче и зачини и варете заедно уште кратко.

Кога супата е готова, измешајте ја павлаката.

Во тава потпете лепче исечкано на коцки и додајте ги во супата или јадете го лепчето посебно.