[ВИДЕО] Ова е новиот најбрз електричен автомобил на светот

Точка

13/06/2024

20:51

4.359

Големина на фонт

а а а

Било само прашање на време кога некој друг електричен хиперавтомобил ќе ја предизвика „Rimac Nevera“. Помалку познатиот бренд сега го тргнал хрватскиот ѕвер од тронот.

Јапонскиот „Aspark“ на 8-ми јуни со својот модел „SP600“ достигнал 438,7 км/ч, според „Racelogic V-Box“, со што за 26,7 км/ч го надминал рекордот кој го држел автомобилот на „Rimac“.

Произведен во Италија од страна на „Manifattura Automobili Torino“ (M.A.T.), „Aspark SP600“ ја поместил границата за брзина на полигонот во Папенбург.

Тоа е истата германска тест патека на која „Nevera“ го постави претходниот брзински рекорд од 2022-ра и 23 дополнителни рекорди една година подоцна.

Тоа е одлично место за тестирање на способностите на хиперавтомобилите благодарение на двете насоки со должина од 3,8 километри. Пред рекордниот круг, „Aspark SP600“ во текот на подготовките развил брзина од 420 км/ч и 430 км/ч, и веќе тогаш ја надминал „Nevera“.


Зад воланот на новиот „EV“ крал на брзината бил Марк Басенг, 45-годишен германски тркач кој во 2010-та година го поставил рекордот на Нирбургринг со моделот „Pagani Zonda R“, минувајќи го кругот за 6 минути и 47 секунди.

Тоа време било подоцна подобрено од други автомобили, а „AMG One“ моментално го држи првото место со резултат од 6:35.


Марк Басенг исто така победил во 24-часовната трка за издржливост возејќи „Audi R8 LMS ultra“.

Деталите за автомобилот „SP600“ не се откриени, но се рекламира како новоразвиено возило, а не како варијација на претходната верзија под име „Owl“.


Опишан е како прототип со намера да влезе во сериско производство, опремен со гуми „Bridgestone Potenza Race“, скроени по негова мерка.

Отсуството на странични ретровизори поради постигнување на што поголема брзина со намалување на отпорот на воздухот јасно зборува дека тој автомобил недозволен за возење на патиштата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг