Како и секој обичен автомобил, и електричните возила имаат две батерии – голема високонапонска батерија што го напојува моторот и помала 12-волтна батерија задолжена за електричниот систем.
Кога батеријата откажува
Доколку автомобилот подолго време стои без полнење, 12-волтната батерија ќе се испразни, а тоа значи дека возилото не може ниту да се отклучи ниту да се стартува за да ја наполни главната батерија.
„Tesla“ има вградено решенија за итни случаи преку механички сајли за отворање на хаубата, но во конкретниот случај тие биле толку за’рѓани што пукнале. Дури и корисничката служба на „Tesla“ не можела да помогне. На крајот, хаубата била отворена со шрафцигер, а 12-волтната батерија заменета, пренесе „b92“.
Влага и мртви екрани
Сепак, тоа не бил крајот на проблемите. По шест месеци мирување на паркинг, во автомобилот се појавиле проблеми поради влага, екраните биле целосно нефункционални, а електричната рачна сопирачка се заглавила.
За да може да се наполни, автомобилот бил транспортиран на специјални тркала до најблиската станица за полнење. По полнењето, сопирачката конечно попуштила, но екранот останал „мртов“ уште една недела.
Грешки
Кога возилото конечно проработило, се појавиле две пораки за грешка – проблем со надзорот на притисокот во гумите и потреба за замена на осигурувачот на батеријата. По неколку дена дополнителни поправки, автомобилот конечно бил вратен во возна состојба.