[ФОТО] Градите во преден план: Мажите во „прединфарктна состојба“ поради Хајди Клум и нејзината ќерка во проѕирна чипкаста долна облека

Точка

08/05/2024

14:52

6.856

Големина на фонт

а а а

Свесна за своите атрибути, квалитети и впечатокот кој го остава на своите обожаватели, но и заносниот изглед на нејзината ќерка Лени, Хајди Клум повторно одлучила да застане пред објективот на камерата во провокативна долна облека заедно со нејзината наследничка и да ја разгори фантазијата, предизвика воодушевување, ласцивни коментари, но и да ја зголеми телесната температура на многу мажи.

Хајди Клум, иако има 50 години, на новите фотографии изгледа како врсничка на нејзината 20-годишна ќерка Лени Клум, која ја има од врската со две децении постариот бизнисмен Флавио Бријаторе.


Најубавите мајка и ќерка, како што многумина ги нарекуваат, се фотографирале во светло беж долна облека претежно изработена од тантела и сатен, а сето тоа за потребите на познат италијански бренд.


Ваквата соработка меѓу Хајди и Лени со бренд за долна облека не е премиера. Имено, тие пред новогодишните празници минатата година заблескале во црвена долна облека и предизвикале планетарно воодушевување со нивната убавина, младоликост и младост, но и со згодните тела и смелоста заедно да се претстават во поексплицитно светло.


Сличен едиторијал снимиле и минатата година

Младата Лени Клум, која досега имала успешни манекенски потфати, бројни насловни страници и модни ревии, како и ангажман за „Диор“ како нивен претставник за јавност, несомнено од мајка си ја наследила безвременската и впечталива убавина, а покрај изгледот, амбицијата и поддршката од славната мајка, несомнено е дека ѝ се насмевнува сериозна кариера во јавниот свет.


Славната Германка, која постигна завиден успех и стана една од најголемите во својата работа на сите времиња, покрај Лени, има уште една ќерка, Лу (14), како и синовите Џон Рајли (17) и Хенри (18), кои ги добила во бракот со музичарот Сил.

Сега, Хајди Клум е среќно мажена за гитаристот на Токио Хотел, Том Каулиц.




Спонзорирани линкови

Маркетинг