Во овие земји не постојат казни за затворениците кои се обидуваат да побегнат од затвор: „Природниот човечки инстинкт е стремеж кон слободата“

Точка

03/03/2024

11:59

4.214

Големина на фонт

а а а

Скоро во сите земји во светот бегството од затвор е незаконски чин. Многу затвореници се обидуваат да побегнат, но доколку бидат откриени или фатени, се соочуваат со можност за продолжување на затворската казна. Освен тоа, тие можат да ги загубат привилегиите кои претходно ги имале, или пак, да се соочат со ригорозни дисциплински мерки.

Целта на овие санкции е да им се даде пример да останатите затвореници, т.е. да ги обесхрабрат од слични обиди.

Меѓутоа, интересен е фактот што во некои европски држави не постојат казни за затворениците кои се обидуваат да побегнат од затворот. Се наметнува прашањето како е тоа можно и што се крие зад оваа необична законска практика?


Неколку земји во Европа ја следат „филозофијата на правата“

Властите во Белгија, Германија, Холандија, Шведска и Австрија ја следат филозофијата на правот, која вели дека природниот човечки инстинкт е стремежот кон слободата.

Токму поради тоа, затворениците кои ќе успеат да побегнат од затвор нема да бидат казнети, под услов да не сторат друг прекршок или кривично дело при бегството.

Оваа филозофија рефлектира длабоко вкоренето чувство за почитување на човечките права и достоинство. Наместо да се изрекуваат дополнителни казни поради бегство, овие земји претпочитаат да обезбедат можност за рехабилитација и реинтеграција во општеството. Се верува дека строгите казни за бегство би можеле да го продлабочат циклусот на криминал, наместо да дадат можност за повторно поврзување со општеството и почитување на законот.


Од друга страна, во многу земји во светот, бегството од затвор се смета за кривично дело. Во Соединетите Американски Држави, на пример, казната за бегство зависи од тоа дали причинителот побегнал со сила или насилство, или го запалил затворот – односно од тежината на делото поради кое бил затворен.

Еден од најлибералните закони го има Германија

Зошто Германија има толку уникатен закон кој дозволува на затворениците да побегнат од затворот, барем технички гледано? Всушност, постои долгогодишна правна традиција во германското кривично право што објаснува зошто е тоа така. Имено, германското кривично право е изградено на идејата за заштита на поединците и општеството во целина. Иако бегствата од затвор во последните години се зголемени, оваа идеја во голема мера останала непроменета и сè уште се смета за прифатлива од властите.


„Либерален“ закон има и Хрватска

„Самото бегство не е кривично дело и по него не може да се изрече нова затворска казна, односно не може да се продолжи веќе изречената казна. За време на бегството, затворската казна не тече и во таа смисла извршувањето на казната се продолжува на времето кое затвореникот го поминал во бегство“, своевремено пишувал tportal.hr.


Но, ситуацијата се менува доколку при бегството се изврши друго кривично дело.