Ѕвездата на Манчестер Сити, Кајл Вокер, наводно купил вила на море од 2.5 милиони фунти за неговата поранешна партнерка Лорин Гудман, како во неа би живеела со синот кој го добиле во 2020 година.
Меѓутоа, поранешниот пар неодамна имал конфликт, по кој ги „полнеле“ медиумските наслови.
Кајл и Лорин започнале кратка романтична врска во 2019 година, а Лорин набрзо останала во блажена состојба. Интересно е што Лорин практично ѝ го „украла“ момчето на својата пријателка.
Имено, Лорин била најдобра пријателка на Ана Килнер, манекенка која фудбалерот ја запознал кога тој имал 18, а таа 16 години. Од тој брак добиле тројца синови, а потоа се случило невидено неверство кое ја разбранувало јавноста.
Работите да бидат уште полоши, Лорин Гудман останала бремена.
„Кога ми кажа дека направил дете на мојата најдобра пријателка, срцето ми се скрши. Не можам да верувам дека ризикуваше да остане без семејството поради тоа. Мојот свет се сруши во тој момент“, своевремено изјавила Ени, која со години своите најинтимни тајни ги делела со Лорин.
Сепак, ова не е првото неверство што фудбалерот го приредил на својата сопруга, па така пред Лорин ја изневерувал со старлетата Лора Браун, а сопругата му простила за таа афера.
„Лорин ми беше одлична пријателка. Постојано прашуваше како сме бидејќи знаеше дека постои криза во нашиот брак по она што се случи со Лора. Ми рече дека можам да ѝ се доверам за сè. Тогаш планирав да го напуштам, но едноставно не можев“, своевремено признала Ени, на која Кајл ѝ ја открил вистината додека била на одмор.
„Слушај, имам нешто да ти кажам. Една девојка е бремена, а детето е мое.‘ Од тогаш повеќе не се врати дома. Без објаснување се пресели во друг стан во центарот“, се присетила Ени.