Арапската принцеза го замени хиџабот со кратко здолниште и предизвика хаос: Го навлече гневот од народот, а сите се прашуваат само едно!

Точка

30/05/2023

18:33

10.761

Големина на фонт

а а а

Саудиската принцеза Дина Абдулазис е една од оние смели жени која ги руши сите стереотипи и живее токму онака како што сака. Арапската Кери Бредшо станала светски популарна токму поради тоа што успешно ги крши строгите шеријатски правила.

Претставува вистински пример како во животот треба да се борите за она што ве прави среќни, без разлика што општеството ви наметнува.


Додека во Емиратите жените живеат многу послободно, во Саудиска Арабија приказната е поинаква бидејќи можете да бидете санкционирани и доколку само еден прамен коса ви се наѕира од под хиџабот. Како дете, принцезата Дина го придржувала својот татко на патувањата во земјите на Блискиот Исток и САД, а подоцна студирала на неколку американски универзитети. Таа е родена во изобилство, но одбила да ги следи строгите арапски правила. Така и го отфрлила хиџабот.


За време на студиите го запознала принцот Султан, со кого се омажила во 1998 година и добиле ќерка и близнаци синови. Кралската двојка најголемиот дел од животот заедно го поминале во Њујорк, но семејството живее во Ријад во последните 4 години.

Дина е сè само нетипична принцеза бидејќи за разлика од другите сопруги на монарсите и принцовите, таа е и успешна деловна жена и влијателна фигура во светот на модата. Две години последователно, Нејзиното Височество е на влијателната листа „BoF 500“ (листа на 500 луѓе кои го дефинираат векторот на светската модна индустрија, според „The Business of Fashion“) пренесува Wanted.rs.


Конзервативната јавност во Саудиска Арбија замерила дека принцезата не се покрива со бурка како останатите нејзини сонародници, туку кршењето на шеријатот го оправдува како свое право на избор.

Дина била една од првите која го скршила стереотипот дека богатите арапските дами страдаат од недостаток на добар вкус. „Од крајот на 60-те, жените од Саудиска Арабија обрнуваат внимание на модата и купуваат уникатни модни парчиња. Но не зборуваат за тоа, не го покажуваат на другите и не се фотографираат, бидејќи тоа се смета за вулгарно“, изјавила принцезата во една прилика.

Впечатливиот моден стил на принцезата ја издвојува од другите жени од модниот свет во големите модни центри како Милано, Париз и Њујорк. Нејзин заштитен знак се уредно обликуваната кратка коса, ексцентричниот аутфит и нагласената женственост. Таа успеала да го воодушеви и познатиот дизајнер Кристијан Лобутин, кој именувал еден пар чевли по неа, што е доказ за нејзиното влијание во светот на модата.


Освен кралските должности, Дина е и деловна жена и сопственичка на ексклузивен бутик за гардероба. „Тоа е уникатен и посебен концепт на бутик. Тоа не е само место каде што можете да купувате, туку имате и можност да се инспирирате и едуцирате, без разлика дали ги гледате нашите комбинации или гледајќи ги модните подвижни слики кои ги објавуваме цело време“, изјавила своевремено Дина за „Vogue“. „Обично носам кошула „Prada“, чевли „Miu Miu“, „Hermes“ чанта, здолниште „Proenza Schouler“. Ѓерданот е „Lanvin“, а часовникот „Lanvin“, открила Дина за вообичаената нејзина комбинација со омилените брендови.


Голем успех доживеала по нејзината прва насловна страна на „Vogue“, а за која позирала познатата манекенка, Џиџи Хадид. Магазинот брзо се искачил на врвот на популарноста во арапските земји, но по вториот број светот бил шокиран со отпуштањето на младата и талентирана Дина. „Не дадов отказ од работата, го добив. Не сакав да направам компромиси кои беа барани од мене“, рекла принцезата. Како главна причина навеле дека не ги почитувала главните уредници кои ја предупредиле да работи сè во согласност со читателите, додека, како што објасниле, тоа не било нејзина сфера на интерес.


Овој пад не ѝ ги „скршил крилјата“, туку ѝ дал дополнителен поттик да не се повлекува и да не се откаже. Таа одлучила да се фокусира на својата страст за модата која ја водела уште од мали нозе и да направи нешто со нејзините големи идеи. Се фокусирала на сопствениот бизнис и на тој начин станала вистинска инспирација за жените, бидејќи самата си ја „отворила“ вратата на успехот.


Конечно, планот на хартија станал план во акција. Отворила агенција за таленти, која се пробила на светскиот пазар. Бизнисот со сопствена модна линија го започнала уште пред да работи во магазинот, а по отказот го проширила и на светскиот пазар.


Дина денес е мајка, принцеза и успешна деловна жена која е исполнета на сите полиња. Среќата во животот ја нашла во сопругот Султан бин Фахда, со кого има успешен рак крунисан со три деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг