Насред океан никнува град за 20.000 луѓе! Има се – канализација, училишта, куќи – тие ќе живеат во место од соништата

Точка

20/06/2022

12:43

23.360

Големина на фонт

а а а

Покрај главниот град на Малдивите, се гради пловечки град, доволно голем да прими 20.000 луѓе.

Со векови староседелците од Азија до Америка живееле на вода. Без разлика дали се наоѓаат на езера, океан или море, „соработувале“ со брановите за да ги издржуваат своите семејства, домови и заедници. Современите архитекти долго ги набљудувале единствените „пловечки острови“ – завидувајќи им на нивната корисност, генијалност и одржливост.

Но, маскирањето на овие локални станови во модерни, комерцијално одржливи недвижнини отсекогаш изгледало недостижно. До сега. Во тиркизната лагуна, на само 10 минути пловење со чамец од Мале, главен град на Малдивите, се гради пловечки град, доволно голем да прими 20.000 луѓе.

Дизајниран по пример на „мозочен корал“, градот се состои од 5.000 пловечки единици, вклучувајќи куќи, ресторани, продавници и училишта, со канали меѓу нив. Првите единици ќе бидат откриени овој месец, а жителите ќе почнат да се населуваат на почетокот на 2024-та година, а целиот град би требало да биде завршен до 2027-ма година.


Проектот, на кој заедно работата инвеститорите за недвижнини „Dutch Docklands“ и владата на Малдиви, не е замислен како див експеримент или футуристичка визија, туку се гради како практично решение за суровата реалност со растот на нивото на морето. Архипелагот од 1.190 пониски острови, Малдивите, се една од најзагрозените нации на светот и тоа поради климатските промени. Осумдесет проценти од копнената територија е помалку од еден метар над надморската висина, а со нивоата кои се предвидуваат дека ќе пораснат и до еден метар до крајот на векот, речиси целата земја би можела да биде поплавена.

Но доколку градот плови, би можел да се издигне со морето. Ова е „нова надеж“ за повеќе од половина милион жители на Малдивите, рекол Коен Олтхуис, основач на „WaterStudio“, архитектонска компанија која го дизајнирала градот.

„Тоа може да докаже дека постојат пристапни станбени единици, големи заедници и нормални градови на вода кои се исто така безбедни. Жителите на Малдиви од климатски бегалци ќе стант климатски иноватори“, рекол тој за „CNN“. Олтхуис ја основал „WaterStudio“ во 2003-та година, архитектонска компанија која во целост е посветена на изградба на вода. Компанијата дизајнирала повеќе од 300 пловечки домови, канцеларии, училишта и здравствени центри ширум светот.


Нормален град, само на површината на водата

Проектот на Малдивите или градот на вода со 20.000 луѓе е изграден за помалку од пет години. Започнати се и други планови за пловечки градови, како што е Океаникс Сити во Бусан во Јужна Кореја, и низа пловечки острови на Балтичкото море кои ги развила холандската компанија „Blue21“, но ниеден не е во конкуренција со овој проект и временската рамка.

Градот е дизајниран да го привлече населението со своите куќи во бои на виножитото, широки балкони и поглед на море. Жителите ќе се движат со чамци, или ќе можат да одат, или да возат велосипеди и скутери.


Модуларните единици се конструираат на локално бродоградилиште, а потоа се одвлекуваат во пловечкиот град. Еднаш поставени, се прицврстуваат за голем подводен бетонски труп, кој е прицврстен за морското дно.

Целта на градот е да има исти функции како град на копно. Жителите ќе имаат електрична енергија, напојување исклучиво со соларна енергија, а ќе има и канализации. Градот ќе користи длабоко морско ладење, кое вклучува пумпање на студена вода од длабокото море во лагуната, што ќе помогне во штедењето на енергија.