Ова е најстарото куче на светот

Точка

21/04/2022

15:26

18.488

Големина на фонт

а а а

Чивавата Тоби влегла во Гинисовата книга на рекорди како најстаро куче на светот.

Жизел Шор од градот Гринејкрс на Флорида рекла дека Тоби го вдомила во 2001-ва година од засолниште за кучиња кога бил стар само неколку месеци.

„Волонтирав во засолништето за животни кога еден од вработените ми кажа дека постар пар сака да подари кученце бидејќи повеќе не можат да се грижат за него“, рекла Шор за Гинисовата книга на рекорди.

„Се најдов со парот и ја запознав ситната чивава. Ти го нарекле Пинат Батер (путер од кикирики). Подоцна му го променив името во Тоби“, рекла Шор.

Чивавите по правило живеат меѓу 12 и 18 години.


Гинис потврдил дека неговата возраст на 16-ти април била 21 години и 66 дена, што го прави најстарото живо куче. Чивавите по правило живеат меѓу 12 и 18 години.

„Луѓето не веруваат колку добро изгледа за своите години“, рекла Шор.

Најголемата старост на некое куче била забележана на 14-ти ноември 1939-та година, кога угинал австралиски овчар со име Блу, кој во моментот на смртта имал 29 години и 5 месеци.