Дванаесет новооткриени животински видови чиј изглед ќе ве изненади!

Точка

26/09/2012

18:21

32.208

Големина на фонт

а а а

Во длабочините на океаните или во прашумите на Јужна Африка, секојдневно се пронаоѓаат досега непознати животински видови, а во продолжение погледнете неколку од нив кои го добија епитетот на језиви и бизарни.

Јода лилјакот е откриен во 2010 година. Овој лилјак се храни со овошје, а со својот изглед потсетува на мајсторот Јода од филмскиот серијал "Star Wars". Јода лилјакот е само еден од повеќе од 200 новооткриени животински и растителни видови на Папуа, во Нова Гвинеја.



Лесулата е нов вид на мајмун кој живее во зафрлените делови од Демократска Република Конго. На ова животно му е дадено латинското име "Cercopithecus Lomamiensis". Овој вид е второ откритие на нов вид мајмун во последните 28 години.



Рибата наречена Господин Блоби е откриена во 2003 година во Нов Зеланд. Водното животно го добило своето име поради големата заоблена глава, а овие риби живеат во океаните, на длабочина од 100 до 2 800 метри.



Група на инженери кои ја граделе брана во Амазон, неодамна откриле водоземец кој изгледа како пенис. Латинското име на животното е "Atretochoana eiseltiis". Животно било откриено за време на пренасочуваното на водата од коритото на реката Мадеира.



Вид жаба, која изгледа како Пинокио, откриена е откако случајно се закачила на торбата на хепатологот Паул Оливер од Универзитетот во Аделаида во Австралија, додека тој ги истражувал планините Фоја, во потрага по нови видови на водоземци. Овие жаби речиси никогаш не ги напуштаат крошните од дрвата, а носот на мажјаците стои исправено само кога тие испуштаат глас.



Чинчила дрвениот глушец е откриен во близина на рушевините во Мачу Пикчу во Перу. Најчесто има сива боја, големи канџи и бела линија преку главата.



Лилјакот кој има нос во облик на лист е откриен во националниот парк "Chu Mom Ray" во Виетнам. Долго се сметало дека тој и припаѓа на веќе позната фамилија лилјаци, но најновото генетско истражување покажало дека тој е од посебен род.



Ајкулата киклоп, која била уловена во Мексико, е еден од најбизарните облици на живот откриени минатата година. Овој 56 центиметри долг фетус има само едно око на главата, кое е последица на конгениталното нарушување наречено киклопија.



Фламинго полжавот, со латинско име "Cyphoma gibbosum", бил пронајден на Западноиндиските острови, а тој е еден од илјада нови видови откриени при првото истражување на морскиот живот во околината на островот.



"Clione limacina" или морскиот ангел, е пронајден во Арктичкиот океан на длабочина од 350 метри. Всушност, станува збор за полжав без куќичка на грбот.



Розовиот змеј со сто нозе е откриен во 2007 година. Животното може да исплукува цијанид, а откриено е во регионот на Меконг. Неговата силна боја ги предупредува грабливците на неговиот отров.



Гунисон Саге тетребот, пронајден во Колорадо, дури неодамна бил потврден како посебен вид тетреб.