Се прекинува со прозводство на швајцарското чоколадо Toblerone од темно чоколадо во пакување од 360 грама, што ги растажи оние кои сакаат ваков вид чоколада.
Портпаролот на американската компанија Mondelez, сопственик на Toblerone, потсети дека ова чоколадо се произведувало 56 години и призна дека споменатата одлука може да биде разочарувачка за некои. Не беше наведена причина за ваквата одлука, а претходно беше ветено дека ќе продолжи да се инвестира во Тоблероне.
Граѓаните во Велика Британија пред одлуката за откажување забележале дека во продавницата е тешко да се најде тоблероне од темно чоколадо, поради што веќе се претпоставувало дека повеќе нема да се произведува.
Монделез пред две години ја отстрани познатата швајцарска планина Матерхорн од опаковката на Тоблероне, односно постави модернизирано лого на планината. Задржани се мечката и потписот на еден од креаторите на оваа чоколадна лента, Теодор Тоблероне.
Ова се случи поради префрлање на дел од производството на ова чоколадо од Швајцарија во Словачка. Имено, швајцарските национални симболи не можат да се користат за промовирање на она што не се произведува исклучиво во Швајцарија. Продажбата на Toblerone започна во 1908 година во Берн.