[ВИДЕО] Стјуардеса открива кој пијалак во авион го избегнува по секоја цена: „Тоа е сомнително“

Точка

23/04/2025

12:01

1.523

Големина на фонт

а а а

Патниците кои нарачуваат кафе во авион – особено без кофеин – би можеле да наидат на тивко згрозување од кабинскиот екипаж, предупредува стјуардесата Леана Кој. Во видеото на ТикТок,

Кој без двоумење порачала: „Мислам дека сите досега знаеме нарачувањето кафе во авион е малку … сомнително“.

Заднината на авионското кафе

„Сакате да ми кажете дека толку многу ви се допаѓа вкусот на авионското кафе што сте подготвени да го пиете – не затоа што ви треба кофеин – туку само заради вкусот?“, запрашала таа, алудирајќи на нискиот квалитет на пијалакот кој се служи на летовите.

Но Кој не е единствената што мисли така. Во вирално видео на социјалните мрежи, поранешниот стјуард, а сега пилот Кевин, предупредил за вистинската заднина на кафето во авион – онаа што патниците обично не ја гледаат. „Фактот што резервоарите за вода, од кои се приготвува кафето, ретко се чистат – тоа е всушност вашиот најмал проблем“, рекол тој. „За мене отсекогаш беше шок начинот на кој стјуардесите ги чистат лончињата за кафе“, додал тој.


Кевин открива дека после летот, вишокот кафе често се истура директно во тоалетот на авионот. „Ова значи дека садот за кафе опасно се доближува до тоалетната школка и можете само да замислите што сè се распрснува во процесот – честички, бактерии, којзнае што – и сето тоа може да заврши назад во садот, кој потоа повторно се користи“, додал. Поради ваквите практики, вели тој, кафето од авион – било да е кофеинско или бескофеинско – е едноставно нехигиенски и треба да се избегнува.

Водата е најдобрата опција за време на летот Пол Јанович, прв офицер и искусен пилот на „Delta Air Lines“, се согласува со ова и го рангира кафето меѓу петте пијалаци што патниците треба да ги избегнуваат веднаш по полетувањето. „Можеби звучи примамливо на утринските летови, но кофеинот дополнително го дехидрира телото“, изјавил тој за порталот „Well+Good“, додавајќи дека кабинската атмосфера и онака е исклучително сува. Нутриционистката Лиза Валенте од „Healthline“ верува дека патниците треба да се држат до докажаните и безбедни избори за време на летот. „Повеќето луѓе знаат дека водата е најдобрата опција“, изјавила таа за „Fox News Digital“.

„Многу луѓе носат свое шише со себе, што е паметно.“