[ВИДЕО] Инфлуенсерка бојадисала јајца во веце-школка, осум милиони луѓе не верувале што гледаат: „Како не се плашиш од Бога?“

Точка

19/04/2025

21:52

1.689

Големина на фонт

а а а

Деновиве мрежите и порталите се преплавени со најразлични идеи за боење велигденски јајца. Од препораки за употреба на природни бои, до возбудливи нови/стари техники, до корпи за јајца.

Така, една инфлуенсерка сакала да биде различна, па решила да бојадиса јајца, ни помалку, ни повеќе, туку во тоалетна школка.


За Кејт Хинзелман, која го користи името @katewilltryanything на Инстаграм, можеби ова е само една од оние работи што таа би ги пробала.

Колку и да изгледа лудо или неприфатливо, сепак оваа нејзина идеја има две значајни предности. Првата е дека остава нула неред, а втората е дека е исклучително брз. Имате јајца за само пет минути.

Жената ставила сунѓер во тоалетната школка, па врз тоа ги ставила јајцата. Потоа испрскала бои и одозгора полила оцет. Нејзините јајца беа брзо бојадисани и добија интересни нијанси.

Видеото го изгледале повеќе од 8,3 милиони луѓе и веројатно повеќето од нив не можеле да си поверуваат на сопствените очи. Голем број не можеа да одолеат без да го коментираат нејзиниот начин на боење јајца.

„Не се плашиш ли од Бог? Дали има нешто свето за тебе“, прашал еден.

„Ова е толку гадно“, се зачуди друг.

„Сигурно не би јадел вака бојадисани јајца“, категоричен беше трет коментатор.

„Ова му го покажав на мојот терапевт и сега тој е на терапија“.

„Најглупавото видео што сум го видел на интернет“, се само дел од негативните коментари.