Заедницата во Челзи, Мичиген формираше човечки синџир и помогна да се преселат 9.100 книги и стотици кутии на новата локација на локалната книжарница „Серендипити букс“.
Кога сопственичката на книжарницата Мишел Туплин одлучила да ја пресели филијалата на поголем простор, се соочила со логистички предизвик – како да премести голем број книги без да ја затвори книжарницата на неколку дена, пишува „Ен-би-си“.
Туплин ги повика доброволците да помогнат, а резултатот беше човечки ланец за транспорт на книги, долг околу 100 метри и се протегаше од стариот магацин до новата локација на книжарницата. Во акцијата учествувалњ повеќе од 300 луѓе.
За неполни два часа беше преместен целиот инвентар на книжарницата, по азбучен ред.
Новата локација на книжарницата, која е двојно поголема од претходната, ќе биде отворена кон крајот на месецов, во пресрет на Денот на независните книжарници – 26 април.