Сега, кога нема толку многу туристи, Сутоморе како да свети во својот полн сјај, а тоа го покажува и видеото кое за кратко време го привлекло вниманието во јавноста.
Ова место во Црна Гора години наназад е едно д најпопуларните дестинации за туристите од целиот регион, а поради тоа плажите се речиси секогаш преполни, па нивната убавина и не може да се види од лежалките и капачите.
Сутоморе неретко трпи и критики од туристите, а кога не е во тек сезоната сѐ делува поубаво отколку што изгледа во текот на сезоната, па критиките некогаш се чинат оправдани.
Фејсбук страницата „Bar na dlanu“ објавила видео од Сутоморе кое било забележано во текот на претходните денови.
Морето е кристално чисто, а на плажата во далечината се гледаат луѓе кои лежат.
Во коментарите луѓето биле согласни дека сѐ е подобро кога не се наредени лежалките на плажата и кога нема премногу луѓе.
„Ова не е како што паметам“, гласел еден од коментарите, додека пак други напишале дека Црна Гора сега изгледа прекрасно.
Што мислите вие?