[ФОТО] Подземни „станици на уметност“ во Неапол: Со јавен превоз низ современ музеј кој живее и расте

Точка

23/04/2025

15:37

776

Големина на фонт

а а а

Станиците на подземната железница во Неапол, барем оние што ги опслужуваат линиите 1 и 6, се вистинска галерија на современа уметност која секоја година добива сè повеќе и повеќе експонати.

Проектот „Art Stations“, замислен во средината на 1990-тите од ликовниот критичар Ахил Бонито Олива, заживеал во 2001 година и оттогаш само расте.


Денес, неаполското подземје може да се пофали со повеќе од 300 експонати кои се трајно инсталирани во него или поминале низ него, а овој посебен (нема да кажеме уникатен затоа што и други европски градови направиле нешто слично, на пример Стокхолм) „децентрализираниот“ музеј е еден од успешните примери за користење на јавните урбани простори како уметнички.

Патување низ уметноста

Музејот се развива од година во година, а најновата станица, украсена со уметничка имагинација, била отворена неодамна, на почетокот од април 2025 година.


Овој голем проект немаше да биде возможен без разбирањето на градските власти, а покрај соработката на уметниците и архитектите, за неговиот успех несомнено придонел и фактот дека Наполитанците го прифатиле, исто како и туристите.

Покрај архитектонско и уметничко дизајнирање на станиците на линиите 1 и 6, како дел од проектот се организираат и бројни работилници и други настани.

Дизајнерите на поединечни станици се меѓународно признати уметници од целиот свет, како што се Алваро Сиза, Едуардо Соуто де Моура, Доминик Перо, Фуксас, Оскар Тускец, Карим Рашид, Гае Ауленти, Алесандро Мендини, Уберто Сиола, Ханс Колхоф, а многу станици настанале како резултат на заедничката работа на уметниците и архитектите.


Најновата станица „Centro Direzionale“ на линија 1 била дизајнирана како футуристичка шума со брановиден покрив од страна на Бенедета Таљабуе од студиото „EMBT Architects“.

Станицата Трибунале, дизајнирана од архитектот Марио Бота и дизајнирана да го промени изгледот на источниот дел на градот, треба да биде отворена наесен, како и станицата Каподичино во форма на грчката буква омега, дизајнирана од пионерот на хај-тек архитектурата Ричард Роџерс.

Целиот проект, под надзор на Олива, е управуван од Неаполската јавна сообраќајна компанија во соработка со Академијата за ликовни уметности.

Инаку покрај турите со водич, секако, станиците можете да ги посетите и како обичен патник, по цена на еден билет за воз од евро и пол.