Се дозна кој е „ужасниот“ актер што добил отказ од филмот „Сам дома“, тој се огласи: „Ме боли срцето…“

Точка

20/11/2026

19:40

490

Големина на фонт

а а а

Режисерот Крис Колумбус неодамна открил дека во текот на својата кариера отпуштил само еден актер. Иако не го именувал актерот кого го нарекол „ужасен“, открил дека со него работел за време на пробните снимања на култниот филм „Сам дома“.

Американските медиуми објавија дека станува збор за Даниел Робак, кој претходно признал дека бил отпуштен од снимањето на филмот.

Откако Колумбус ја критикувал неговата работа, Робак остро му возвратил и ги оспорил тврдењата на режисерот дека морал да го отпушти поради „ужасната“ глума.


„Ме боли срцето, а ме боли и тоа што секој Божиќ морам повторно да се соочувам со ова“, изјавил актерот за „Пејџ сикс“.

Колумбус, гостувајќи во поткастот „Wildmen“, раскажал дека првично сакал Џо Пеши и Даниел Стерн да ги играат улогите на „Мокрите бандити“ во филмот од 1990 година, но филмското студио било подготвено да плати само за еден од нив.

Пеши ја добил улогата на Хари Лајм, додека наместо Стерн, улогата на Марв Мерчинс му била доделена на Робак.


Меѓутоа, по приближно четири дена, режисерот го отпуштил Даниел, а на негово место сепак го ангажирал Стерн.

„Направивме пробно снимање и беа ужасни. Мислам, Пеши беше одличен. Другото момче, а во тоа време навистина беше млад, беше едноставно ужасен. Тоа е единствената личност која некогаш сум морал да ја отпуштам“, изјавил Колумбус.

Меѓутоа, Робак тврди дека пробно снимање со Пеши никогаш не се одржало.


„Никогаш, ама баш никогаш не ме снимале заедно со Џо Пеши. Никогаш, ама баш никогаш не сум снимил ништо со Џо Пеши. Камерите никогаш не нè снимале заедно“, нагласил тој, додавајќи дека со Пеши поминал само еден ден.

„Имам огромна почит кон Крис Колумбус. Кога ме отпушти, а притоа ми рече дека ќе ме ангажира во својот следен филм, седев покрај телефонот и чекав да ми се јави, човеку“, изјавил Даниел, кој никогаш не добил повик од режисерот.

Сепак, истакнал дека не чувствува лутина кон Колумбус, за кого верува дека имал добри намери.


„Не можам да зборувам за неговите мотиви. Тој е добар католик. И јас се трудам да бидам добар католик. Се трудам да бидам човек со вера, а секако сум и човек што знае да простува. Затоа никогаш не му замерив што ме отпушти“, раскажал актерот, кој уште во 2023 година открил дека првично токму тој требало да ја игра улогата на Марв.