Веста дека Роберт Патинсон ќе го игра новиот Џејмс Бонд ја изненади јавноста, но неговата поддршка доаѓа од постар колега кој самиот го играл ликот на тајниот агент во периодот од 1995 до 2002 година.
Ликот на Џејмс Бонд во следните три филма ќе го игра актерот Роберт Патинсон, а оваа вест предизвика голема бура. Многумина сметаат дека тој не е вистинскиот избор и се разочарани, но сепак добива поддршка од своите колеги, што е исто така многу важно.

Поранешниот Џејмс Бонд (еден од шестемина што го играа ликот на тајниот агент) Пирс Броснан му посака среќа јавно, на социјалните мрежи.
Актерот кој глумеше во 4 филма за Џејмс Бонд („Golden Eye“, „Tomorrow Never Dies“, „The World Is Not Enough“ и „Die Another Day“) и кој е омилен на многумина во оваа улога, го пречека со широко отворени раце Роберт Патинсон.
„Драг Роберт, добредојдовте во светот на Бонд. Ќе бидете величествени“, напиша актерот на Фејсбук.
„Со голема радост се сеќавам на времето што го поминавме заедно снимајќи го филмот „Remember Me“. Беше вистинско задоволство да те гледам како градиш импресивна кариера и како одиш од успех до успех. Уживај во оваа авантура“, напишал Броснан, завршувајќи ја пораката со зборовите „Grá mór“, што на ирски значи многу љубов, со свој потпис.
Многу значи што Пирс Броснан му ја испрати својата поддршка на својот помлад колега, кој многу добро ги познава очекувањата и притисокот од улогата на најпознатиот таен агент во светот.

Да ве потсетиме дека улогата на Џејмс Бонд досега ја играле шест актери, меѓу кои Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан, Џорџ Лазенби, Римоти Далтон и Даниел Крег.
Од друга страна, Роберт Патинсон, кој стана познат во серијата „The Twilight Saga“, изгради импресивна кариера и покажа разноврсност низ годините, па затоа сме сигурни дека ќе биде одличен Џејмс Бонд.









