[ВИДЕО] Од тениските терени во Холивуд: Новак Ѓоковиќ покрај Роберт де Ниро и Аријана Гранде во новото продолжение на хит-комедијата „Фокерови: Пристигнува снаата“

Точка

19/11/2026

18:40

579

Големина на фонт

а а а

Филмската публика овој ноември ја очекува необично изненадување – Новак Ѓоковиќ ќе се појави во новото продолжение на планетарно популарната комедија „Фокерови: Пристигнува снаата“ (Focker In-Law), кое во кината пристигнува на 25 ноември 2026 година.

Српскиот тенисер ѝ се придружил на актерската екипа предводена од Роберт де Ниро, Бен Стилер, Аријана Гранде, Овен Вилсон, Блајт Данер и Тери Поло.

Со рекет во рацете и насмевка на лицето, Ѓоковиќ за првпат во својата кариера се појавува на големото платно.

Во сцена со извонредниот комичар Овен Вилсон, Ѓоковиќ ќе има кратка гостинска улога која ќе го одбележи новото продолжение на овој култен филмски серијал.

Новото продолжение на култната филмска франшиза ги враќа на големото платно омилените членови на семејството Фокер, чии животи повторно се наоѓаат во вител од семејни недоразбирања, генерациски судири и урнебесни ситуации.

Овојпат во центарот на приказната е Хенри Фокер (Скајлер Џизондо), синот на Грег и Пем Фокер, кој одлучува да се ожени со силната, успешна и самоуверена Оливија (Аријана Гранде), што предизвикува нова низа комични компликации и непријатни ситуации.

Сценариото и режијата на филмот ги потпишува Џон Хамбург, сценарист и продуцент кој учествувал во создавањето на претходните продолженија од серијалот, додека продуценти се Џејн Розентал, Роберт де Ниро, Бен Стилер, Џон Лешер, Џеј Роуч и Џон Хамбург.

Од премиерата на филмот „Запознај ги родителите“ во 2000 година, серијалот освои милиони гледачи ширум светот и стана една од најуспешните комични франшизи на модерното време.

Враќањето на омилените ликови, пристигнувањето на нови актерски засилувања предводени од Аријана Гранде, како и специјалното појавување на Ѓоковиќ, го прават филмот „Фокерови: Пристигнува снаата“ една од најочекуваните комедии на годината.