[ВИДЕО] Дење свештеник, ноќе диџеј: Со несекојдневното хоби полни сали и предизвикува реакции

Точка

13/01/2026

19:41

362

Големина на фонт

а а а

Свештеникот Гилерме Пејшото привлече внимание поради своето „необично“ хоби. Имено, тој е диџеј кој ги освои срцата на публиката ширум светот, а неодамна настапи во Либан.

На социјалните мрежи се шират снимки од одличната атмосфера на неговите настапи, а помладата публика е особено воодушевена.


„Кога одиме на некоја забава, не е важно каква е електронската музика, дали е хаус или техно, чувствувате дека сите се обединети. Сите се почитуваат меѓу себе, не им е важна религијата или облеката. Тоа се чувствува на танцовиот подиум, таа неверојатна енергија. Без порака за верата, тоа е силна порака за почит и толеранција. Ако можеме да танцуваме заедно на подиумот, зошто да не можеме да танцуваме заедно и надвор?“, изјави Гилерме.


На оние кои го критикуваат поради тоа што настапува како диџеј им порача да се молат за него, затоа што тој не може да стори ништо во врска со тоа.

„Ова е слободен свет и мора да биде слободен. Не мора секому да му се допаѓа она што го правам, но мора да го почитуваат“, рече тој.

Дополни дека ова не е музика која треба да се пушта во црква, туку станува збор за музика која „ја изнесува црквата надвор од црквата“.