Снимка што прикажува емотивна средба меѓу куче и неговата сопственичка по речиси два месеца разделеност стана вирален хит на „TikTok“.
Видеото, кое досега собра повеќе од 82 илјади прегледи, го доловува моментот кога кучето сфаќа дека неговата сопственичка конечно се вратила дома.
Преслатка реакција на кучето
Снимката, објавена од корисничката@mozysmumma, започнува со глетка на куче кое мирно лежи во дворот.
„Кога сте отсутни речиси два месеца и успешно ќе се прикрадете во куќата“, стои во описот на видеото. Кучето на почетокот делува незаинтересирано, гледајќи во далечина.
Меѓутоа, во еден момент погледот му се изострува и се фиксира кон влезната врата. Без ни трошка двоумење, скока на нозе и трча кон куќата. Низ стаклената врата љубопитно ѕирка внатре, а секунда подоцна жената ја отвора вратата.
Штом се отвори преминот, кучето влетува внатре и скока кон камерата, без можност да ја скрие неизмерната среќа.
„Дали видовте како му се промени лицето кога сфати кој се вратил?“, праша сопственичката во описот на објавата.
„Моментот за кој сонувал“
Трогателниот миг од нивната средба ги разнежни бројните корисници на „TikTok“, кои во коментарите не ги криеја емоциите. „Ауууу, слатко бебе“, напиша еден корисник, додека друг кратко порача: „Вау, едноставно вау.“ Некој совршено ги сумираше чувствата на кучето: „Моментот за кој сонувал.“
За некои, снимката беше особено емотивна. „Грутка во грлото голема колку јаболко. Кучињата се најдобри“, призна една корисничка, додека друга заклучи: „Никој не нè сака повеќе од нашите кучиња.“









