Почина познатата женка шимпанзо која умееше да брои и да црта

Точка

12/01/2026

21:01

580

Големина на фонт

а а а

Аи, женка шимпанзо позната по своите исклучителни когнитивни способности, почина на 49-годишна возраст.

Центарот на Универзитетот во Кјото за еволутивно потекло на човечкото однесување соопшти дека Аи починала на 9 јануари од старост и откажување на органите, а во моментот на смртта била опкружена со вработените на Универзитетот, пренесе „BBC“.

Аи е родена во Западна Африка и пристигнала во јапонскиот институт во 1977 година. Таму станала заштитно лице на проект посветен на проучување на „умот на шимпанзата“.

Меѓу најзначајните откритија на институтот беше тоа што Аи била способна да користи броеви и да препознава бои.

Истражувачите ѝ дале специјална тастатура поврзана со компјутер кога имала само 18 месеци, со цел да ја проучуваат нејзината меморија и способноста за учење.


На петгодишна возраст, Аи „го совладала именувањето на броевите од еден до шест и била во состојба да го именува бројот, бојата и предметот кај 300 примероци“, се наведува во научен труд од 1985 година на приматологот Тецуро Мацузава, раководител на проектот Аи, пишува „BBC“.

Кога не учествувала во когнитивни тестови, Аи уживала во цртање и сликање. Како и другите шимпанза во центарот, таа цртала со фломастери на празна хартија, без потреба од награди во форма на храна.


„Kyodo News“ објави дека еднаш избегала заедно со уште еден примат – користејќи клуч за да го отклучи својот кафез.

Во 2000 година го родила синот Ајуму, кој исто така е познат по исклучителната меморија.

Во 2017 година, по повод 40-годишнината од проектот Аи, шал изработен од една од нејзините слики ѝ бил подарен на Џејн Гудал, славен приматолог.