Легенда на Арсенал застана во одбрана на Џуд: Го мразат фактот што не можат да стигнат до него

Дерби

17/11/2025

14:19

213

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингам се најде на удар во англиската јавност после измената која беше извршена од Томас Тухел, сето тоа како последица на нервозната реакција која ја имаше ѕвездата на Реал Мадрид.

Белингам не беше најзадовлен што излегува од игра и неговите нервозни реакции се најдоа во центарот на вниманието, а додека англиската јавност се обидува да создаде караница меѓу него и селекторот Томас Тухел, легендарниот Јан Рајт се јави со обраќање на социјалните мрежи.

Поранешниот репрезентативец застана во одбрана на Џуд и посочи дека медиумите бараат кавга со цел да си го пополнат просторот за работа, особено во ситуација кога Англија одработи перфектни квалификации.

– Медиумите имаат потреба да креираат вакви приказни бидејќи веќе нема за што да се зборува д остартот на Светското првенство. Сега ќе се зборува за ова до Светското првенство.

– Медиумите мразат што не можат да дојдат до него, мразат што не можат да влијаат врз неговата кариера какошто правеа со други играчи. Џуд е благословен млад човек со многу талент и љубов во изобилство, – порача Рајт.