Ди Лоренцо: Мора да научиме од овој пораз

Дерби

17/11/2025

12:20

186

Големина на фонт

а а а

Џовани Ди Лоренцо како капитен на Наполи е еден од најискусните играчи во италијанската фудбалска репрезентација, а како фудаблер со долг стаж, десниот бек даде свое видување за новото помрачување кое го имаа „аѕурите“.

После шест победи во низа, Италијанците добија ново соочување со реалноста против ривал кој беше далеку поквалитетен од претходните, па поразот од 1:4 од Норвешка јасно става до знаење дека Џенаро Гатузо има уште многу работа пред себе.

Како второпласирана селекција во својата група, Италија повторно ќе игра бараж за Светско првенство, а во март наредната година ќе се обиде да спречи ново фијаско, слично на оние во 2018-та и 2022-ра година.

– Првото полувреме го почнавме навистина добро, но нашиот став на теренот потоа беше погрешен и игравме премногу релаксирано во вториот дел.

– Се надевам дека ќе научиме од овој пораз за месец март. Тоа ќе биде моментот кога ќе немаме право на грешка и кога ќе мора да имаме целосни перформанси во тек на 90 минути. Мора да и честитаме на Норвешка за перформансите кои ги прикажа во групата, ние треба сега да ги наведнеме главите и да работиме. Имаме неколку месеци за да покажеме поинаков дух и мора да бидеме подготвени за баражот. Ќе играме за Светско првенство и сите знаеме што значи тоа за нас, – изјави Ди Лоренцо.